verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Депласиран наслов, промашена тема

on 3 - 01 - 2016       

 

Заев и наложи на Јанева да падне „Пуч“_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

[Рецензија: Заев и наложи на Јанева да падне „Пуч“]

 

Ова е еден од манипулативните написи со кои јавноста беше дезинформирана околу фактите поврзани со случајот „Пуч“, специјалната обвинителка Катица Јанева и со почитувањето на законската обврска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ги предаде материјалите од прислушувањето на Специјалното јавно обвинителство. Во овој текст, уште во насловот стои тврдењето дека Заев ѝ издавал наредби на специјалната обвинителка Јанева и таа теза во содржинскиот дел воопшто не се образложува, ниту поткрепена со докази.

Написот има проблем со изворите: се повикува на неколку изјави од различни лица – некои се анонимни, тие изјави не ги цитира, туку ги парафразира. А кога тие ќе се анализираат поединечно, излегува дека се невистинити, непостоечки или, во најмала рака, произволно употребени.
Згора на сè, иако насловот го иронизира „специјалниот“ однос на Заев и на Јанева, самиот текст се занимава во најголема мера со непредавањето на материјалните од прислушувањето на Специјалното јавно обвинителство, дали имало или немало услови за тоа и дали Заев имал или немал законска обврска за тоа. Целосно депласиран наслов и промашена тема.

Рецензија: Депласиран наслов, промашена темаЛинк до оригиналниот напис: Заев и наложи на Јанева да падне „Пуч“

Датум и време на објавување: 21.12.2015, 14:09

Датум на рецензирање: 29.12.2015

Рецензент: Југослава Дуковска

 

 

НЕПОТКРЕПЕНИ ТВРДЕЊА

„Заев денеска упати порака и наредба до Јанева да падне случајот „Пуч“, а со оглед на тоа дека досега Јанева дејствуваше како продолжена рака на СДСМ останува да видиме дали и оваа негова наредба ќе биде испочитувана.“

Ова тврдење е неточно и без основа, иако се сакало да се наметне впечаток дека тоа се повикува на изјавата на Заев, дадена по одложувањето на рочиштето за судењето во врска со случајот „Пуч“:

„Денеска на ова судење се појавивме затоа што си стоиме на зборот. Важно е што специјалното јавно обвинителство, како независна институција, вроди надеж за сите граѓани на Македонија дека се враќа процесот на вистината и на правдата. Верувам дека постојт чесни професионалци во правосудниот систем кои ќе ја враќаат правдата, вистината, слободата и демократијата. Убеден сум дека токму тие професионалци ќе бидат исправени пред историскиот момент пред кој е исправена нашата земја. Македонија е тргната кон промена, незаприлив е процесот на враќање на правдата, слободата, демократијата и вистината. Незаприлив е процесот на промени.“

Евидентно е дека во оваа изјава нема никаква порака, ниту наредба на Заев(!?) до специјалната обвинителка Јанева како да постапува во случајот „Пуч“ и дека ова тврдење е неточно.

Двапати текстот се повикува и на некаква изјава на министерот за внатрешни работи од Оливер Спасовски:

„Од она што го дознаваме, токму Оливер Спасовски на седница на Влада изјавил дека сите услови се исполнети, но во јавност Заев говори друго.“

Таква изјава на Спасовски не може да се пронајде за да се верификува ова тврдење, а фразата „од она што го дознаваме“, не е доволна потврда за веродостојноста на наводите.

Од сите посочени извори во текстот, само еден е коректно употребен, а тоа е последниот- член од Законот за заштита на приватноста, кој е директно цитиран. Сите други извори се или некоректно користени или се поставува прашањето за нивната релевантност.

„Шупливо“, од аспект на релевантност на изворите, звучи и следново тврдење:

„Познавачите коментираат дека Јанева нема повеќе аргументи, особено што вчера Владата донесе одлука за обезбедување на луѓе кои ке се грижат за безбедноста, но и обезбедување на друг технички персонал кој и требал на специјалната обвинителка, хигиеничарки, кафекуварки и слично.“

 

ИСКРИВЕНА СЛИКА

Со тоа што тврди дека претседателот на опозицискиот СДСМ ѝ наредувал на специјалната обвинителка како да се однесува и како да постапува во доменот на своето работење, овој напис ем спинува ем покажува јасно изразена пристрасност. Ова тврдење е на линија на она што од владејачката ВМРО-ДПМНЕ го изјавуваа изминатиов период во врска со Јанева.

Така, Антонио Милошоски на прес-конференција во врска со темава го изјави следново:

„Се потврдија сите информации во јавноста за тесна врска и координираност помеѓу Јанева и Заев, како и дека Јанева ќе дејствува строго по партиска наредба на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ смета дека секоја наредна постапка на Јанева ќе биде, како и досега, директно мотивирана од политичката агенда на СДСМ и на Заев и дека наместо да дејствува непристрасно и објективно во функција на законот, таа ќе ги исполнува партиските наредби на СДСМ.“

Она на што се сведува овој напис, откако ќе се прочита неговиот наслов и содржина, за жал, е неговата употребна вредност како манипулативно четиво за создавање искривена слика за дејствувањето на специјалниот јавен обвинител.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести