Рецензии

Целосно „забегани“ текстови и „чуден“ воен аналитичар

на 28. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Трета светска почнува во четврток – Лазански прислушувал разговори на НАТО офицери]

  За што известува медиумската содржина што ја рецензираме? Таа известува дека в четврток ќе почне третата светска војна. Текстот се повикува на некојси портал ли, весник ли, што ли е, кој се вика, замислете – „Табу“ и пренесува изјава на Мирослав Лазански, кого го нарекува „најистакнат воен аналитичар на екс-ју просторите“. Тој, најистакнат воен аналитичар, датумот кога ќе почне третата светска војна го дознал додека прислушувал група генерали во некојси хотел во Виена! Што? Не ви се верува? Дозволете ми уште еднаш да ви ја опишам ситуацијата при која се случило големото откритие. Во еден хотел во Виена, се собрале група генерали на НАТО и во

Текст како „обвинителен акт“

на 26. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Додека Бекири правел криминал за СДСМ, сопругата зема пари од ПОЦ]

  Текстот што е пред нас зрачи со тенденциозност  уште од насловот: „ Додека Бекири правел криминал за СДСМ, сопругата зема пари од ПОЦ“.  Целиот материјал натежнува од  обвиненија за Бекири за кои отсуствуваат какви било факти. Со леснотија и без докази му се припишуваат криминални активности, кои тој, наводно, ги извршувал во име на СДСМ. Линк до оригиналниот напис: Додека Бекири правел криминал за СДСМ, сопругата зема пари од ПОЦ Датум и време на објавување: 22.12.2015 Датум на рецензирање: 25.12.2015 Рецензент: Силвана Жежова   ОЦРНУВАЊЕ Написот на самиот почеток му припишува на Бекири партиска поврзаност, како и тоа дека, наводно, намерно креирал лажни афери за да 

Медиумот ги прогласува виновниците и ги казнува и потоа случајот го презема судот

на 25. 12. 2015 | | sq
[Рецензија: „Лажни сметки во Швајцарија се подготвени за Ахмети и Џафери – се сомнева дека сценариото е на СДСМ и Божиновски?!”] Веднаш по откривање на едно незаконско дело „новинарите“ брзаат да го прогласат виновникот и своите написи ги базираат на информации кои ги добиваат од несоодветни извори. Последниве денови во јавноста се рашири веста дека се идентификувани и уапсени тројцата осомничени за фалсификување на документите за идентификација (скандал откриен неколку недели претходно), но нивниот идентитет остана непознат за јавноста. Ова беше објавено од Основниот суд, но понатамошниот тек на настаните не беше јавен. Некои медиуми, глумејќи професионалност и мислејќи дека прават истражувања и големи откритија, сервираат идеи и заклучоци кои не ги добиваат од одговорните органи што ја вршат истрагата.

Јавноста е „закон“, а не новинарот!

на 25. 12. 2015 | | sq
Новинарот не е тој што треба да му даде етичка конотација на настанот. Сè што треба да направи еден професионален новинар е да известува. Елементите и деталите што ни ги носи новинарот преку својот напис, се основа според која јавноста ќе оценува или ќе вреднува дали едно дело или однесување е позитивно, негативно, добро, лошо, срамно или етичко. Линк до оригиналниот напис: „ „Срамна“ сообраќајна тепачка” Датум и време на објавување: 19.11.2015 Датум на рецензирање: 19.12.2015 Рецензент: Адриан Керими Рецензираната вест е тенденциозна и омаловажувачка, затоа што авторот без никакво право категоризира. Станува збор за еден конфликт кој, ако беше вистинит, би требало да се потврди од полицијата. Ако веста била за тепачка што следувала по една сообраќајна несреќа, тогаш

Новинарско етикетирање

на 25. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Опозициските перјаници удрија по претседателот и Генералниот секретар на СДСМ]

Овој текст етикетира личности што мислат поинаку од т.н. мејнстрим, кој, за жал, во земјава го наметнува елитата на власт. Написот со леснотија ги обележува овие лица како „опозициски перјаници“. Линк до оригиналниот напис: Опозициските перјаници удрија по претседателот и Генералниот секретар на СДСМ  Датум и време на објавување: 22.12.2015 22:30  Датум на рецензирање: 24.12.2015  Рецензент: Владимир Мирчески   ПАРТИСКО УПАТСТВО – „НАШИ“ И „НИВНИ“  Медиумско егзекутирање кога ја критикуваат власта, а медиумско обележување кога ја критикуваат опозицијата! Па, ајде некој да реши што смеат, а што не смеат да кажат овие новинари и активисти од невладиниот сектор! И, што е толку „новинарско“ во преобјавувањето фејсбук-статуси на новинари, во кои

Напис во улога на обвинител и на судија

на 25. 12. 2015 | |

[Рецензија: Спасовски не знаел дека се апсат осомничените од „Фабриката за афери“]

  Овој текст е политички мотивиран и го наведува читателот да верува во нешто што не е докажано ниту, пак, поткрепено со сериозни факти. Линкуван наслов на анализираниот напис: Спасовски не знаел дека се апсат осомничените од „Фабриката за афери“ Датум и време на објавување: 23.12.2015 Датум на рецензирање: 25.12.2015 Рецензент: Ана Анастасовска  

А ДА СЕ ПРАША СПАСОВСКИ?

Написот креира перцепција дека министерот за внaтрешни работи, Оливер Спасовски, не знаел за акцијата во која беше откриена „фабриката за лични карти“, односно, заслугите за тоа ги припишува на обвинителството и на стручните професионалци од МВР. „На денешната прес конференција јавниот обвинител Јован Цветановски потврди дека акцијата ја спровело

Брзината ја „убила“ точноста на текстот

на 25. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: ВНИМАНИЕ: Пронајден е отров во сируп за деца]

  „Брзината убива“ е познат слоган од препораките за безбедност во сообраќајот, употребувана и во кампањите против употреба на дроги, кога треба да укаже на илузијата дека брзината може да ги замени безбедноста и здравјето. Во нашиот случај, за потребите на рецензијата на оваа медиумска содржина, можеме да кажеме дека „брзината ја убила“ точноста на новинарскиот текст. Еден ден подоцна, официјални институции (Фармацевсткиот факултет и Институтот ја јавно здравје) објавија дека квалитет и безбедноста на лекот не се спорни, а Агенцијата за лекови  објави дека лекот е повлечен на барање на производителот како мерка на претпазливост по откривањето мали пластични неинфективни честички на опремата за пакување на производот, односно надворешно. Линк

Национализмот се користи за читаност, Охридскиот договор за полнење страници

на 25. 12. 2015 | | sq
[Новата детска болница – ниту една буква на албански (ФОТО-ВЕСТ)] Во Македонија со кревки меѓуетнички односи, „пие вода“ секоја вест што има доза на прашања околу националноста. Чудно е, што и кога се пишуваат и текстови без трошка кредибилитет, тие често имаат ефект кај читателите, затоа што се пишуваат со силен залет и патриотизам. Овој текст ја искористи токму оваа „слабост“ на општеството кон настаните од меѓуетнички карактер. Авторот, божем, почнал да сведочи за занемарувањето на употребата на албанскиот јазик во јавните институции кое е гарантирано со закон, но, на крај завршил со подршката која Никола Груевски ја ужива кај Албанците. Датум и време на публикација: 13.12.2015 Датум на рецензија: 21.12.2015 Рецензент: Ферикан Илјази Порталот „Дитари“ (ditari.com) позајмил една „вирална“

Формирање нова партија како пат во банкрот

на 25. 12. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Двајца Британци и 1.000 Македонци може да формираат две партии]

  Текстот што е предмет на рецензирање направил добра анализа на тема која одамна не била предмет на новинарска опсервација. Секако, не била и предмет на некаква политичка трибина, организирана од кој било релевантен субјект. Се работи за можноста некој поединец да основа нова партија бидејќи проценува дека постојните не ги задоволуваат неговите политички опсервации за потребите на општеството. Од друга страна, исполнувањето на оваа волја е битна за реализација на политичките слободи и права на граѓаните, ама според анализата, таквите опции не се толку релевантни за елитите што ја водат политичката игра.
Линк до оригиналниот напис: Двајца Британци и 1.000 Македонци може да формираат две партии Датум

Меѓуетничките конфликти преувеличени во медиумите

на 25. 12. 2015 | | sq
[Рецензија: „Преку ден се најавија протести, навечер се случи меѓуетнички инцидент во Скопје”] Уште од почеток на денот може да прочитате стотина наслови за меѓуетнички судири. На прв поглед ви изгледаат веродостојни затоа што „сите“ го објавиле истиот текст, но ние новинарите ги гледаме со одредена доза на сомнеж. Настанот продолжува да се драматизира, но околу пладне полицијата дава изјава дека не се случил никаков инцидент во наведеното место, а посебно не меѓуетнички. Но пред да стигне полицијата да го демантира или потврди овој настан, десетина, стотина граѓани сигурно се загрижиле за последиците од истиот. Што стана со етиката на новинарот и неговата заклетва дека ќе известува само правично без да стреми кон сензација на грб на туѓата емоционална слабост?