verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Меѓуетничките конфликти преувеличени во медиумите

on 25 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: „Преку ден се најавија протести, навечер се случи меѓуетнички инцидент во Скопје”]

Уште од почеток на денот може да прочитате стотина наслови за меѓуетнички судири. На прв поглед ви изгледаат веродостојни затоа што „сите“ го објавиле истиот текст, но ние новинарите ги гледаме со одредена доза на сомнеж. Настанот продолжува да се драматизира, но околу пладне полицијата дава изјава дека не се случил никаков инцидент во наведеното место, а посебно не меѓуетнички. Но пред да стигне полицијата да го демантира или потврди овој настан, десетина, стотина граѓани сигурно се загрижиле за последиците од истиот. Што стана со етиката на новинарот и неговата заклетва дека ќе известува само правично без да стреми кон сензација на грб на туѓата емоционална слабост?


Futbollistët e Shkupit në pushim të merituarЛинк до оригиналниот напис: „Преку ден се најавија протести, навечер се случи меѓуетнички инцидент во Скопје

Датум и време на објавување: 16/12/2015  11:45

Датум на рецензирање: 19.12.2015

Рецензент: Ферикан Илјази

Што мислите кога го читате овој параграф? Како ја замислувате оваа таканаречена масовна тепачка од авторот?

Масовна тепачка се случила во вторник навечер помеѓу десетина млади во автобусот број 64 во близина на автобуската постојка кај „Симпо“. Според првичните неофицијални информации тепачката започнала во автобусот за јавен превоз и во тепачката учествувале две групи, од македонска и албанска етничка припадност.

Мене ова ми изгледа како едно бојно поле каде што „секој се бори за својот живот“, но, вистината е далеку поинаква со сликата која ја пренесува понудениот текст.

Доколку завршеше тука и немаше да биде толку трагично колку фактот дека овој настан е измислен за да се употреби како поткрепа на една идеја на новинарот, според која меѓуетнички судири се случуваат тогаш кога власта сака да ја дефокусира јавноста. Имајќи го предвид поранешното искуство во државата, овој факт не само што не е вистинит, но истиот не се потвдрдува на начин на кој се потрудил авторот на текстот, давајќи еден полукоментар кој сака да го продаде како вест. Авторот на овој текст не спомнал воопшто дека информацијата се уште не е потврдена, а ниту ставил до знаење дали се обидел да добие потврда за настанот.

Ова наликува на едно веќе видено сценарио во Македонија секој пат кога се најавуваат протести. За чудо, и овој инцидент се случи истиот ден за кога беа најавени масовни протести против аерозагадувањето во Тетово и против одлуката на Апелационит суд за случајот „Монструм“.

За да го коментира овој феномен кој има за цел да го привлече вниманието на јавноста во некоја друга насока, авторот ги спомнал и аналитичарите. Но, кои аналитичари ги контактирал тој самиот? Кои се тие аналитичари на кои се повикува новинарот без да ги именува?

Аналитичарите често пати предупредувале дека тепачките претставуваат едно сценарио подготвено од структури кои масовното учество на граѓаните ги плаши, па со помош на вакви инциденти се обидуваат да ги заплашат граѓаните за тие да не излезат на протести во толку голема бројка. Поради ова, тие потенцираат дека инцидентите за кои има сомневање дека се инсценирани не треба да ги плашат граѓаните, туку треба да служат како дополнителна мотивација за што помасовно учество во протестите.

Вистината е најсветото нешто кога се работи за јавното информирање, што е напишано и во Етичкиот Кодекс на новинарите во Македонија, и гласи:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку е тоа можно.

Исто така, е потенцирана и важноста свесно да не се поттикне на насилство и омраза.

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права и слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…)

Оваа вест, како и многу други кои се стремат кон сензација ја позајмиле голем број на портали на албански јазик без да направат и најмала измена. На обичниот човек кој нема пристап до МВР за да провери дали овој настан навистина се случил, не му останува ништо друго освен да поверува во истиот и да се исплаши за сигурноста на неговите најблиски. Затоа, кога се известува за вакви чувствителни настани, информациите треба да се анализираат и потврдат неколку пати и веста да се напише со „усул“.

(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести