verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Национализмот се користи за читаност, Охридскиот договор за полнење страници

on 25 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Новата детска болница – ниту една буква на албански (ФОТО-ВЕСТ)]

Во Македонија со кревки меѓуетнички односи, „пие вода“ секоја вест што има доза на прашања околу националноста. Чудно е, што и кога се пишуваат и текстови без трошка кредибилитет, тие често имаат ефект кај читателите, затоа што се пишуваат со силен залет и патриотизам. Овој текст ја искористи токму оваа „слабост“ на општеството кон настаните од меѓуетнички карактер. Авторот, божем, почнал да сведочи за занемарувањето на употребата на албанскиот јазик во јавните институции кое е гарантирано со закон, но, на крај завршил со подршката која Никола Груевски ја ужива кај Албанците.

Spitali i ri i fëmijëve – asnjë shkronjë në shqip FOTO LAJM Ditari.mk Regjistri i lajmit

Датум и време на публикација: 13.12.2015

Датум на рецензија: 21.12.2015

Рецензент: Ферикан Илјази

Порталот „Дитари“ (ditari.com) позајмил една „вирална“ вест која сведочеше за занемарувањето на албанскиот јазик на влезната табла на детската болница „Козле“ и ваквата загриженост ќе беше многу оправдана доколку веста беше комплетна. Авторот на текстот тврди дека оваа болница, со која делумно раководат и кадри на ДУИ, целосно го занемарила албанскиот јазик, но тоа не е докажано со факти од болницата. Дадена е само влезната табла. Но, ако новинарот навлезеше подлабоко во оваа тема, ќе сфатеше дека во внатрешниот дел на болницата секоја табла е преведена и на албански и, за разлика од претходните искуства, на нив нема правописни грешки.

„Новата детска болница „Козле“ во скопската населба Козле целосно го занемари албанскиот јазик, пишива Fakte.“

Освен делумната информација, текстот изобилува и со коментари, кои не прилегаат на еден текст што има цел да го истакне нереагирањето на албанската партија на власт или неспроведувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се предвидува двојазичноста.

„Катастрофалната состојба со непочитувањето на Уставот и позитивните закони во земјата од страна на институциите во насока на дискриминирање на се што има врска со албанците зела голема замав и не прекинува.“

Авторот има право да ја напаѓа албанската партија на власт, но не побарал отчет од оваа партија, иако правило во новинарството е да се контактираат сите засегнати страни за темата за која се пишува.

„Албанската партија на власт ДУИ продолжува со демагогијата за да ја прикрие неспособноста да ја спречи дискриминацијата и понижувањето на албанците поради сервилноста кон македонскиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, како последица на хипотеките на албанските функционери.“

Од темата за двојазичноста, авторот на текстот преминува на поддршката што Албанците, божем, му ја даваат на премиерот Никола Груевски, но овој елемнет се чини дека не е многу релевантен за оваа вест. Новинарот ја дефокусира темата, избледувајќи го така ефектот на веста.

Авторот на овој текст најпрво требаше да понуди доволни докази, во конкретниот случај фотографии, кои би сведочеле за негрижата за албанскиот јазик која, според него, се прави во ова институција. Но, тој ја напишал веста употребувајќи го само натписот во надворешниот дел на објектот. Требало да се бараат изјави и од двајцата директори, Албанец и Македонец, затоа што од нивните ставови произлегуваат и нови моменти на оваа негрижа. Во написот прикачен погоре можат да се видат таблите во влезовите кои ги демантираат претпоставките на новинарот, за кого е јасно дека не известувал од местото на настанот. Вистинското новинарство не смее да се создава меѓу четири ѕидови, туку налага теренска работа и точност за да се стигне до вистината за која било  тема.

(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести