verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Брзината ја „убила“ точноста на текстот

on 25 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

12252015-Faktor-Sirup 1

[Рецензија: ВНИМАНИЕ: Пронајден е отров во сируп за деца]

 

„Брзината убива“ е познат слоган од препораките за безбедност во сообраќајот, употребувана и во кампањите против употреба на дроги, кога треба да укаже на илузијата дека брзината може да ги замени безбедноста и здравјето.

Во нашиот случај, за потребите на рецензијата на оваа медиумска содржина, можеме да кажеме дека „брзината ја убила“ точноста на новинарскиот текст.

Еден ден подоцна, официјални институции (Фармацевсткиот факултет и Институтот ја јавно здравје) објавија дека квалитет и безбедноста на лекот не се спорни, а Агенцијата за лекови  објави дека лекот е повлечен на барање на производителот како мерка на претпазливост по откривањето мали пластични неинфективни честички на опремата за пакување на производот, односно надворешно.

12252015-Faktor-SirupЛинк до оригиналниот напис: ВНИМАНИЕ: Пронајден е отров во сируп за деца

Датум и време на објавување: 23.12.2015

Датум на рецензирање: 25.12.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ПАНИЧНА ВЕСТ

Што предизвика објавата што ја рецензираме? Предизвика паника кај дел од граѓаните што го користат овој лек, како, на пример, кај нашата читателка што ја препорача за рецензија оваа содржина. Можете само да го замислите стравот кај неа кога го прочитала овој материјал. Особено кога се соочила со насловот, а само една недела пред тоа на своите деца им давала од тој лек.

Дали овој текст се ставил во улогата на засегнатите од една ваква новинарска објава? Очигледно – не!

Со тоа, не само што се нарушува сопствениот углед и доверба, туку е прекршен и првиот член и основен принцип во новинарството – вистина, вистина и само вистина. Или, како што поточно пропишува членот 1 од новинарскиот Кодекс:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Во текстот нема евидентирано ниту еден извор. Единствен полуизвор е дека лекот бил повлечен во Србија и тоа било доволно да се направи оваа вознемирувачка содржина со многу алармантен наслов.

Ви го пренесуваме емотивниот дел од реакцијата на нашата сограѓанка на чиј предлог ја рецензираме оваа вест. Точките во некои зборови ги заменуваат термините што ги поддржува и авторот на оваа рецензија:

„ЗАРАДИ НАСЛОВОТ – ТРЕБА НА НЕКОЈ Т…АР ДА МУ ЈА СКРШАМ ГЛУ….А ГЛАВА. Па да го видам што би одбрал после – неколку кликови повеќе или скршена тиква. ИМ….И“

Големите букви се, исто така, намерно оставени за да се „чуе“ гласот на публиката. Кој има уши – ќе чуе!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Нема вистина

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести