verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Напис во улога на обвинител и на судија

on 25 - 12 - 2015       

Спасовски не знаел дека се апсат осомн_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

[Рецензија: Спасовски не знаел дека се апсат осомничените од „Фабриката за афери“]

 

Овој текст е политички мотивиран и го наведува читателот да верува во нешто што не е докажано ниту, пак, поткрепено со сериозни факти.

Спасовски не знаел дека се апсат осомничените од „Фабриката за афери“ Kurir.mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: Спасовски не знаел дека се апсат осомничените од „Фабриката за афери“

Датум и време на објавување: 23.12.2015

Датум на рецензирање: 25.12.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

 

А ДА СЕ ПРАША СПАСОВСКИ?

Написот креира перцепција дека министерот за внaтрешни работи, Оливер Спасовски, не знаел за акцијата во која беше откриена „фабриката за лични карти“, односно, заслугите за тоа ги припишува на обвинителството и на стручните професионалци од МВР.

„На денешната прес конференција јавниот обвинител Јован Цветановски потврди дека акцијата ја спровело Обвинителството и професионални истражители од МВР.“

Ваквата информација можело многу лесно да се провери. Можело да се крене телефон и да се побара изјава од Спасовски, односно да се праша дали знаел или не знаел за акцијата на стручните професионалци од МВР.

„Експертите кои ги консултиравме велат дека ваквите акции се активности за кои министерот за внатрешни работи не е запознаен.

Заради тајност на постапките и превенција од влијанија, на Јавниот обвинител му се доделуваат специјални истражители од МВР, на кои Обвинителот им дава наредби за постапување, и за тие наредби истражителите не известуваат ниого од структурата ан МВР.“

Експертите тврдат дека ваквите акции се активности за кои министерот не е запознаен. Добро, ете, да веруваме дека експертите го трвдат тоа. Но, каде се експертите? Кои се тие што го тврдат ова? Понатаму, истите тие анонимни експерти сега не се толку сигурни во своето тврдење, па новинарот напишал:

„Експертите велат дека пости можност Спасовски да не бил известен за акцијата и заради основите на сомневање дека можеби постојат конекции на осомничените со Спасовски.“

Откако претходно со сигурност беше посочено дека Спасовски не бил запознаен со акцијата, сега се наведува дека „е можно да не бил запознаен со акцијата“. Каде е сега вистината? Понатаму, текстот го наведува читателот на мислење дека Спасовски не бил запознаен со акцијата поради сомневањето дека тој бил поврзан со осомничените. И, тука, всушност, е главната манипулација на написот. Не е толку важно дали министерот бил известен за акцијата или не, колку што е важно да се создаде слика дека тој бил поврзан со уапсените криминалци.

Ваквиот став, секако, не може да се земе здраво за готово. Имено, официјален орган нема изразено сомневање дека Спасовски бил поврзан со фалсификаторите. А, новинарството во никој случај не смее да обвинува, суди и пресудува.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести