verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарско етикетирање

on 25 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

1113 11

[Рецензија: Опозициските перјаници удрија по претседателот и Генералниот секретар на СДСМ]

Овој текст етикетира личности што мислат поинаку од т.н. мејнстрим, кој, за жал, во земјава го наметнува елитата на власт. Написот со леснотија ги обележува овие лица како „опозициски перјаници“.

111Линк до оригиналниот напис: Опозициските перјаници удрија по претседателот и Генералниот секретар на СДСМ

 Датум и време на објавување: 22.12.2015 22:30

 Датум на рецензирање: 24.12.2015

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПАРТИСКО УПАТСТВО – „НАШИ“ И „НИВНИ“

 Медиумско егзекутирање кога ја критикуваат власта, а медиумско обележување кога ја критикуваат опозицијата! Па, ајде некој да реши што смеат, а што не смеат да кажат овие новинари и активисти од невладиниот сектор! И, што е толку „новинарско“ во преобјавувањето фејсбук-статуси на новинари, во кои тие, според сопственото разбирање, ги анализираат како чекорите на власта, така и тие на опозицијата?

Во конкретниот случај станува збор за коментари на социјалните мрежи по прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи и по едно ТВ-интервју на лидерот на опозицијата. На дел од новинарската бранша и на невладиниот сектор, настапите на Спасовски, а и на Заев, не им оставиле особен впечаток. Текстот тоа го третира како „бомбастична вест“ и, истовремено, си дава право истите тие новинари да ги карактеризира како опозицинери или опозициски перјаници.

„По ваквиот пост на Наумоски, продолжија критиките кон СДСМ од опозициските перјаници. Новинарката Мери Јордановска напиша дека почнало да и фали она, „согласно Уставот и законите….“. Со свој коментар се јави и опозициската новинарка Сашка Цветковска, но и други перјаници на СДСМ.“

Значи, ако ја критикуваат власта, тие се опозициски новинари, но и ако не ја штедат опозицијата, пак се опозициски новинари!!! Се маркираат и кога се против власта и кога ја критикуваат другата страна. Настрана тендециозноста и малициозноста кон тие што, нели, се означени како „неподобни“.

Прашањето е зошто, воопшто, се има потреба од апсолутно неприфатливото лепење „етикети“, кога тие немаат каква било врска со кредибилното и професионално новинарство? Одговорот сам се наметнува: зашто овој текст и не е новинарски производ, туку политичко-партиско упатство за перципирање на медиумските работници.

Нешто како „наши“ и „нивни“За да знае неупатениот кој од новинарите е кој, за што полесно да го препознае „непријателскиот елемент“ на улица! Недостигаат само уште формални ознаки на облеката, па со прст кон нив да се покажува дека се, демек, „опозиционери“!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

фејсбук постови

неофицијални

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести