Формирање нова партија како пат во банкрот
Објавено во Рецензии
on 25 - 12 - 2015 Автор: Љубомир Костовски
[Рецензија: Двајца Британци и 1.000 Македонци може да формираат две партии]
Текстот што е предмет на рецензирање направил добра анализа на тема која одамна не била предмет на новинарска опсервација. Секако, не била и предмет на некаква политичка трибина, организирана од кој било релевантен субјект. Се работи за можноста некој поединец да основа нова партија бидејќи проценува дека постојните не ги задоволуваат неговите политички опсервации за потребите на општеството. Од друга страна, исполнувањето на оваа волја е битна за реализација на политичките слободи и права на граѓаните, ама според анализата, таквите опции не се толку релевантни за елитите што ја водат политичката игра.
Линк до оригиналниот напис: Двајца Британци и 1.000 Македонци може да формираат две партии
Датум и време на објавување: 19.12.2015
Датум на рецензирање: 24.12.2015
Рецензент: Љубомир Костовски
ГОЛЕМО БОГАТСТВО ЗА ОСНОВАЊЕ ПАРТИЈА
„Споредено со државите во Европа, Македонија има едни од најтешките услови за нови партии да влезат на политичката сцена. Потребно е партијата да има 1.000 основачи и од секој од нив треба да се обезбеди изјава заверена на нотар дека е дел од иницијативата, како и уверение за државјанство. Нотарската изјава чини 150 денари, а ист е и трошокот за државјанство. Од 1.000 луѓе, тоа се 300.000 денари, или речиси пет илјади евра“.
Написот не се занимава само со правните претпоставки за да се изведе операцијата „анонимецот“ да стане политички лидер, туку е важно што низ една изведена математичка операција дава увид дека е неопходно големо богатство за да се основа нова партија!
Oсновачот треба да има на располагање околу 10.000 евра. Но, тоа не е сè. Оваа ситуација се компликува со новите барања кои законодавецот ги предвидел – неопходни се поединечни изјави на нотар, тие имаат висок трошок, но, што е поважно, значат малтретирање на потписниците, бидејќи одеднаш личната карта не е доволна, па е неопходно вадење и државјанство, документ кој до неодамна речиси и не беше потребен!
Добро е што медиумот користи искуства на партии што во тек на формирање (регистрирање), илустрирајќи го текстот со изјави за „Танталовите маки“ на истите, но и на малите партии, кои, исто така, имаат проблем кога треба да ги обноват своите регистрации.
Она што е особена вредност на оваа анализа се искуствата што ги имаат другите европски земји во однос на ова прашање. Шокантно е сознанието – само да го издвоиме – дека во Британија за да се основа нова партија се потребни помалку луѓе отколку за партија бриџ: двајца кои треба да имаат во џебот само 150 фунти (околу 200 евра)! И никакви посебни административни компликации. Во Белгија не треба ни толку – доволно е да кандидирате (нема цензус), а ако влезете, да речеме, во парламентот, можете и пост фестум да основате партија без никакви додатни услови. Да не набројуваме понатаму, можете да го побарате текстот што ви го препорачуваме.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови