Рецензии

Една фотографија, илјада спинови

на 2. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Младината се буди: Интегритетот на средношколците нема цена!]

  Овој текст е класичен пример за манипулација, спинување и за наведување на читателот да верува во она што го мисли авторот. Линкуван наслов на анализираниот напис: Младината се буди: Интегритетот на средношколците нема цена! Датум и време на објавување: 29.10.2015 Датум на рецензирање: 31.10.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Насловот на текстот укажува на вест дека „Младината се буди: Интегритетот на средношколците нема цена“. Притоа, ваквиот наслов асоцира на некакво дејство кое го презеле средношколците. Текстот е придружен со фотографии од знак „стоп“ закачен, како што тврди авторот, на влезните врати од неколку средни училишта. Она што недостига во овој дел од текстот е потврдата за ваквите знаци. Имено,

Господ зборува српски и пишува на кирилица

на 1. 11. 2015 | | sq

[Рецензија: Прорoштво за Косово кое ќе ве следи – Древните Јапонци вака говореле за Србите]

  Ооохх?!? Кој агол да го заземе рецензирањето на оваа медиумска содржина, прашање е сега? Откако одлучивме дека мора да се рецензира, иако не заслужува никакво медиумско ниту, пак, внимание на јавноста, прашањето од кој аспект да се рецензира овој хаотичен збир од зборови е навистина доминантно. Од аспект на пренесена информација од друг јазик (и култура), можеме да заклучиме дека преводот е катастрофален, а контекстот во кој е „ставена“ оваа сторија е туѓ на која било здраворазумска логика. Од кој било аспект. Од аспект на некаква логична историска, традиционална, јазична или културна матрица, овој текст се обидел да спои и да ги прикаже како

Нецитирањето на медиумот кога се пренесува вест е неетично

на 1. 11. 2015 | | sq
[Рецензија: „Касами: Работиме во насока на обединување на опозицијата„]   Како и за секое друго дело, и за новинарските написи, плагијаторството е недозволиво и претставува кршење на авторските права и на етичките норми. Но, не е нималку ретка појава. Целосното или делумното копирање на информативните материјали и нецитирањето на изворите се едни од почестите „пропусти“ на медиумите. Линк до оригиналниот напис: Касами: Работиме во насока на обединување на опозицијата Датум и време на објавување: 23.10.2015, 14:16 Датум на рецензија: 26.10.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Во период на изразена политичка криза, медиумите „трчаат“ по ексклузивноста на информациите, по постапките и по одлуките на политичките функционери што имаат разни јавни одговорности. Интервјуата секогаш се најдобриот начин за да се дознаат одредени информации и

Рецензија: Огромна паника на Бихаќка – СДСМ го чека народот

на 1. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Огромна паника на Бихаќка – СДСМ го чека народот]

  Ова е опасно четиво, немајте каква било дилема. Содржи јасна и директна закана од власта кон опозицијата испорачана преку медиумска маша дека „народот ја чека“. Самата употреба на ваква формулација навестува дури и можно насилство, иако овој термин експлицитно не е споменат. Имаме некаква си најава за можно продолжување на политичката борба со други, поинакви средства. Линк до оригиналниот напис: Огромна паника на Бихаќка – СДСМ го чека народот  Датум и време на објавување: 26.10.2015, 13:11 Датум на рецензирање: 27.10.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПАРТИСКИ ТЕЛАЛИ НАМЕСТО ГЛАСНИЦИ НА ЈАВНОСТА

Ова е пример како медиумски текст станува носач на партиска порака со политичка закана. Во написот нема ништо

Информација и шпекулација не е исто

на 1. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Раководството на СДСМ со пушки во четнички покрет]

  Текстот кој е предмет на оваа рецензија е крајно тенденциозен, несериозен и надвор од сите професионални новинарски стандарди. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Раководството на СДСМ со пушки во четнички покрет Датум и време на објавување: 26.10.2015 Датум на рецензирање: 27.10.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Уште во насловот на написот се гледа обидот на авторот да го оцрни раководството на СДСМ, најавувајќи фотографии од раководните луѓе на партијата како „држат пушки во рацете и тргнале во четнички поход“. Кога се најавува дека станува збор за раководство на партија, се мисли на луѓето од првиот ешалон на партијата, како лидер, заменици-претседатели, генерален секретар и слично. Според тоа,

Непроверена приказна, пренесена како неприкосновена вистина

на 30. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Никола Тодоров поднесе оставка, ова е новиот миистер!]

  Овој напис ја дезинформира јавноста дека министерот за здравство ја напушта функцијата, а него ќе го замени пратеник од редовите на владејачката партија. И, тоа го прави уште со самиот наслов во кој тврди: „Никола Тодоров поднесе оставка, ова е новиот миистер“, што подоцна се покажа неточно. Линк до оригиналниот напис: Никола Тодоров поднесе оставка, ова е новиот миистер! Датум и време на објавување: 26.10.2015, 13:11 Датум на рецензирање: 27.10.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

За што, всушност, станува збор? Текстот се повикува на друг медиум – има и линк, но проблемот е во тоа што не ја проверува веста. Се потпира само на (дез)информациите до кои дошол

Своеволни тврдења и перцепција, но не и вистински показатели

на 30. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Насер Селмани се зачлени во СДСМ]

  Пресметка со новинар, се подразбира за некого неподобен, преку партиско-медиумска „експозитура“. Станува збор за исклучително гневно четиво чиј фокус е насочен не само кон првиот човек на ЗНМ, туку и кон самото здружение зашто конкретната личност излезе со став за еден од настапите на премиерот. Мотивацијата на текстот е јасна, а и не се крие – политичка е со цел да се оцрни претседателот на ЗНМ, а преку него и најголемата и најстара новинарска асоцијација. А, како некого најлесно да „сатанизираш“ во земјава ако не со тоа да го означиш дека е „СДСМ“-овец. Линк до оригиналниот напис: Насер Селмани се зачлени во СДСМ Датум и време на објавување: 28.10.2105, 16:27 Датум

Ова е „сдсмовско новинарство“!? А кое е „вмровско“?

на 28. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: И Телма како Заев, по израелскиот доби европски шамар]

  Ова е еден крајно пристрасен и политички мотивиран текст кој звучи како да излегол од кујната на некоја политичка партија, а не од новинарска кујна. Линкуван наслов на анализираниот напис: И Телма како Заев, по израелскиот доби европски шамар Датум и време на објавување: 21.10.2015 Датум на рецензирање: 26.10.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Овој напис на почетокот изгледа како сосема нормален новинарски извештај. Но, по вториот пасус, ваквиот извештај, од новинарски се претвора во партиско соопштение. „Ова е нов офсајд за сдсмовското новинарство на Телма, која откако минатата недела беше вмешана во дипломатскиот скандал на Заев пренесувајќи ги невистините за средбите во Израел повторно во служба на СДСМ пласира

Таксиметарот на лични напади врз Ванхоуте врти без задршка

на 28. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Таксиметарот на Ванхоуте врти по 900 евра на ден!]

  „Ако не можеш по магарето, удри по самарот“ е народна изрека која одлично го сумира написот што го имаме в рака. Во период кога политичката криза се продлабочува, кога позициите на партиите се крајно спротивставени без најава за решение, на публиката ѝ се „овозможува задоволството да ужива“ во текст кој упорно се обидува вината за, засега, континуираните неуспеси во разговорите да ја најде токму во човекот кој, ако ништо друго, успеа сите да ги изненади со својата упорност и истрајност за процесот да опстои. Значи, виновник за непостигнувањето договор не е партија(та), туку човекот кој ги информираше медиумите дека токму таа партија ги блокира разговорите. Пример

Навредите не се аргументи

на 28. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Клеветите на еден псевдоновинар]

  Вистинското новинарство се заснова на факти и на добро аргументирани информации. Вклучувањето шпекулации и предрасуди во еден напис, кој претендира да биде информативен, е во спротивност со новинарските стандарди. Линк до оригиналниот напис: Клеветите на еден псевдоновинар Датум и време на објавување: 14.10.2015 Датум на рецензија: 21.10.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Текстот што го рецензираме е целосно базиран на шпекулации и на предрасуди. Насловот не е информативен туку тенденциозен. „Еден псевдоновинар, кој што неговата новинарска кариера ја започна во македонски медиуми, нарекувајќи ја ОНА „терористичка“, вечерва на Фејсбук открил дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, отишол на гости во владата кај Никола Груевски.“ Авторот на овој текст не му става до знаење на читателот