verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Огромна паника на Бихаќка – СДСМ го чека народот

on 1 - 11 - 2015       

1113-09876-09807-crop-resize

 

[Рецензија: Огромна паника на Бихаќка – СДСМ го чека народот]

 

Ова е опасно четиво, немајте каква било дилема. Содржи јасна и директна закана од власта кон опозицијата испорачана преку медиумска маша дека „народот ја чека“. Самата употреба на ваква формулација навестува дури и можно насилство, иако овој термин експлицитно не е споменат. Имаме некаква си најава за можно продолжување на политичката борба со други, поинакви средства.

111Линк до оригиналниот напис: Огромна паника на Бихаќка – СДСМ го чека народот 

Датум и време на објавување: 26.10.2015, 13:11

Датум на рецензирање: 27.10.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПАРТИСКИ ТЕЛАЛИ НАМЕСТО ГЛАСНИЦИ НА ЈАВНОСТА

Ова е пример како медиумски текст станува носач на партиска порака со политичка закана. Во написот нема ништо новинарско, сè е подредено на интересите на една страна, а таа, нормално, не е јавноста. Вакво четиво, имајќи го предвид нивото на политичка култура во земјава, можеби и би го личело ако над насловот се наоѓало партиското лого и како циркуларен допис – реакција би било пратено до новинарските редакции. Секако, од еснафска гледна точка, недозволиво е пласирањето ваков текст да се квалификува како легитимен новинарски производ бидејќи едноставно не е. Повеќе од јасно е дека е само нечија „продолжена, долга или каква и да е рака“, притоа одработувајќи партиска задача на расчистување со „оние од другата страна“. Веќе реков, партиски претставници од партиска говорница во земјава веќе си дозволиле да праќаат остри пораки и до, според нив, неподобните медиуми и до политичките конкуренти, но тоа апсолутно не смее да го прави еден медиум зашто тоа не е негова работа. Медиумот треба да информира, да пренесува вести, да го гради јавното мислење, да ја образува публиката, а не да ја поларизира и да ја раздвојува по партиска линија. Ако едната страна, во овој случај владејачката партија, смета дека е неточна информацијата пренесена на медиуми, кои не се под нејзина контрола, дека таа подготвува голем митинг, тогаш таа требалo официјално да реагира, а не во нејзино име, под превезот на „новинарски напис“, да се објавуваат материјали на одредени интернет-портали. Неразбирлива е леснотијата со која некои „колеги“ го преземаат товарот на партиски телали, за сметка на примарната задача – гласници на јавноста. Што има партиски функционери да се кријат и штитат како, демек, анонимни извори? Зошто тие, со име и со презиме и со полна одговорност јавно не го кажат тоа што му го дошепнале на конкретниот портал? Ете зошто велиме дека ова не е новинарство, туку партиско барабанџиство.

 

НАВРАЌАЊЕ НА „ВИСТИНСКИ НАРОД, ПРЕДАВНИЦИ И ШПИОНИ“

Кој тоа вели и каде се изворите или аргументите за тврдењето:

„Вистинска паника владее на Бихаќка откако во партијата стана јасно дека народот нема да дозволи партијата да дојде на власт без избори. Од утрово медиумите платени од СОРОС објавија текст од кујната на Бихаќка според кој Власта подготвувала огромен протест пред Собранието на кој ќе бидат присутни над 100.000 граѓани.“

Нема одговор. Сега, ако текстовите на т.н. „СОРОС-СДСМ-медиуми“ се готвени во кујната на Бихаќка, што, како што разбирам, би било еуфемизам за шпекулација, тогаш зошто партиски функционери од владејачката партија брифираат дека „Ги чека народ. Високо мотивиран патриотски народ, а не платеници. Народ кој ја сака својата земја и сака да го покаже тоа“? Тоа или значи дека има вистина во пишувањата оти власта готви голем собир за да манифестира некакво си единство и поддршка наспроти меѓународната заедница и нејзиниот притисок за исполнување на договореното во Пржино или, пак, е промашен политички нарачан текст – на шпекулација да одговориш со сиот партиски арсенал, и соодветен и несоодветен.

Веќе споменав, имаме работа со опасен материјал, би го класифицирал како играње со оган, повторно навраќање кон темата „вистински народ од едната и платеници и шпиони од другата страна“… Чисто партиско четиво, со подбуцнувачки карактер и заканувачка мотивација. За вакви нема место во вистинското новинарството.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

опасен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

безмалку да

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести