verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Господ зборува српски и пишува на кирилица

on 1 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

10282015-Reporter-Kosovo-crop-resize

[Рецензија: Прорoштво за Косово кое ќе ве следи – Древните Јапонци вака говореле за Србите]

 

Ооохх?!? Кој агол да го заземе рецензирањето на оваа медиумска содржина, прашање е сега? Откако одлучивме дека мора да се рецензира, иако не заслужува никакво медиумско ниту, пак, внимание на јавноста, прашањето од кој аспект да се рецензира овој хаотичен збир од зборови е навистина доминантно.

Од аспект на пренесена информација од друг јазик (и култура), можеме да заклучиме дека преводот е катастрофален, а контекстот во кој е „ставена“ оваа сторија е туѓ на која било здраворазумска логика. Од кој било аспект.

Од аспект на некаква логична историска, традиционална, јазична или културна матрица, овој текст се обидел да спои и да ги прикаже како разумни древно-јапонскиот јазик со јазикот на современите Срби и оттаму да изведе дека старојапонскиот збор „косова“, во превод на современиот српски, а со тоа и на современ македонски (според приредувачите на ова медиумска содржина), значи  „коњаник на бел коњ“, а можно е и да се преведе како „кој владее тој и пресудува“.

А, може да се преведе и како „фатени за уши, оро играме“, а може да се преведе и како „не е семка што оди, туку мравката носи подарок“, а може да се преведе и како „брод во шише, а колку ли шишиња во бродот“, а може да се преведе и како… Ме разбирате, нели?

10282015-Reporter-KosovoЛинк до оригиналниот напис: Прорoштво за Косово кое ќе ве следи – Древните Јапонци вака говореле за Србите

Датум и време на објавување: 26.10.2015

Датум на рецензирање: 28.10.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Но, да бидеме сериозни и да ѝ дадеме шанса на оваа медиумска содржина. За почеток да се прашаме од каков интерес е за публиката во Македонија да се преведе еден ваков текст за Косово и за Србија. Ах, да! Косово и Србија се соседи на Македонија. Во таа смисла е наведена и една полуреченица која е единствена што има некоја здраворазумска логика и некаква актуелност, а тоа е споменувањето дека Србија жестоко се спротивставува на приемот на Косово во УНЕСКО, организацијата на Обединетите нации за заштита на културно-историско наследство.

И толку од здравиот разум. Понатаму текстот повторно им се препушта на концептот „може да се преведе“ со уште едно дополнување, односно со повикување на извор. Експертски извор кој од аспект на психонеуролингвистиката им дава поткрепа на ставовите дека старојапонскиот и современиот српски јазик имаат ист корен.

Името на експертката е Адела Маргот, која себеси се промовира во основач на оваа дисциплина – психонеуролингвистика.

За да ви биде појасно за каква епсертиза станува збор, еве една изјава на Маргот во која таа ја елаборира задачата на оваа „наука“:

„Психонеуролингвистиката има за цел да му укаже на светот на заборавеното врховно духовно писмо – српскоцрногорското писмо од триесет букви, односно кирилицата, која е, всушност внатрешното интергалактичко писмо кое било користено во духовниот компјутер на духовниот Вавилон“.

Сметаме дека ова е сосема доволно од Маргот, а ако некого го интересира како се остварува врховната комуникација со Бог на српски и на кирилица, може слободно да кликне на линкот и да комуницира со пораките на Адела и на психонеуролингвистиката.

Нам ни е сосема доволно.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести