verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нецитирањето на медиумот кога се пренесува вест е неетично

on 1 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: „Касами: Работиме во насока на обединување на опозицијата„]

 

Како и за секое друго дело, и за новинарските написи, плагијаторството е недозволиво и претставува кршење на авторските права и на етичките норми. Но, не е нималку ретка појава. Целосното или делумното копирање на информативните материјали и нецитирањето на изворите се едни од почестите „пропусти“ на медиумите.

Alsat - Kasami - Punojme ne drejtim te bashkimit te opozites 1Линк до оригиналниот напис: Касами: Работиме во насока на обединување на опозицијата

Датум и време на објавување: 23.10.2015, 14:16

Датум на рецензија: 26.10.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Во период на изразена политичка криза, медиумите „трчаат“ по ексклузивноста на информациите, по постапките и по одлуките на политичките функционери што имаат разни јавни одговорности. Интервјуата секогаш се најдобриот начин за да се дознаат одредени информации и на новинарот што ги прави, му треба многу работа за да успее да создаде вреден новинарски продукт.

Во конкретниот случај, обработуваме една информација што е извлечена од едно интервју, за која медиумот сметал дека е вредна да се пренесе. Интервјуто не е направено од истиот медиум и авторот што ја преобјавил извлечената информација од целото интервју не го цитирал изворот или медиумиот што го направил интервјуто.

Овој потег се смета за плагијаторство и Новинарскиот кодекс го осудува тоа.

  • Непочитување на авторски права се смета за грубо кршење на етичките правила.
  • Доколку информацијата е преземена или парафразирана од друг медиум, авторско дело или истражување, изворот мора да биде наведен, во спротивно станува збор за плагијатор, а не за новинар.

Оригиналното интервју (кое е продукт на порталот „Дрини.мк“) е многу подолго и во него поопширно се обработуваат темите. Вториот текст, пак, е многу пократок и прикажува само еден краток дел од ова интервју. Бидејќи решил да го направи тоа, новинарот требало да го дополни својот продукт и со мислењето на барем еден од политичките субјекти што се наведуваат во текстот: Националната демократска преродба (НДП), Движењето за реформи во ДПА, ПДП или Нова демократија. Треба да се истакне дека текстот е пренесен само на веб-страната на „Алсат-М“, а не и во изданието на вестите на телевизијата.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести