Рецензии

Проверката е приоритет на новинарот

на 3. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Заедно со Муса Џафери, оставка ќе поднесе и Абдулаќим Адеми]

  Приоритет на новинарот е проверката на фактите. Пренесувањето непроверени вести се коси со новинарските стандарди и со етичкиот новинарски кодекс. Текстот што го рецензираме е шпекулативен, бидејќи во ниту еден момент не нуди факти за информацијата што ја пласира. Линк до оригиналниот наслов: Заедно со Муса Џафери, оставка ќе поднесе и Абдулаќим Адеми Датум и време на објавување: 20.10.2015 Датум на рецензија: 30.10.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Се работи за една важна информација што известува за планирањето на оставките на две важни политички фигури на Демократската унија за интеграција од функциите што што актуелно ги имаат. „Заедно со заменик премиерот Муса Џафери, оставка ќе поднесе и министерот за

Веста никогаш не смее да биде еднострана

на 3. 11. 2015 | |

[Рецензија: Заев и СДСМ прават се за да нема избори и да нема препорака од ЕК]

  Ова е вест која не е целосна вистинита. Од една изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во која тој никаде не вели експлицитно дека е за одложување на изборите, медумите блиски до власта почнаа хајка на омаловажување. Еве, што изјави Заев: „Роковите се точно врзани и прецизирани за до 24 април. Мора да се испочитуваат роковите кои треба да обезбедат прочистување на избирачкиот список.“ Ова е изјавата што ја даде Заев за „24Вести“. Оттука провладините медиуми објавија серија напади врз првиот човек на СДСМ, импутирајќи му дека тој се плаши од избори и затоа бара нивно одложување. Линк до оригиналниот напис: Заев

Контроверзии околу амнестијата или амнестиите

на 3. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Дали зад барањето за амнестија на Верушевски се крие амнестија за Заев?]

  Кога почнаа преговорите на четирите партии со посредство на меѓународните олеснувачи, постоеше договор да не се изнесуваат никакви детали околу она што се случува зад затворените врати во Клубот на пратениците. За ова постоела јaсна обврска на активните учесници во преговорите. Одвреме-навреме Ванхауте, Белгијанецот кој ги води преговорите, дава изјави, секако, со согласност со преговарачите и врз основа на функцијата која ја има во тој процес. Индикативно е што во прилогот, кој е предмет на рецензија имаме не само пробивање на дискретноста на преговорите, туку тоа се случува во време кога преговорите се во застој барем три недели и кога практично се преговара на релација

Текст од кој ве обзема срам

на 3. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Ќерката на Наум Петрески потполно гола ги распамети фановите]

  Пред нас имаме информација од која, кога ќе ја прочитате, веднаш ве обзема срам. Измешана вест со коментар, со фотографија преземена од „Фејсбук“ и градена со вулгарноси, омаловажувања, навреди. Не само на личноста, која ниту виновна, ниту должна се појавила овде, туку се инволвира и нејзиниот татко, како и еден новинар, без притоа да се каже зошто. Иако написот не е дефиниран дали е вест или коментар, во секој случај дисквалификува и оцрнува една јавна личност. Линк до оригиналниот напис: Ќерката на Наум Петрески потполно гола ги распамети фановите Датум и време на објавување: 30.10. 2015 Датум на рецензирање: 02.11.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Во новинарството се знае дека

Непроверени остануваат само ќебапите

на 3. 11. 2015 | | sq
  [Рецензија: Со Мерцедес по ќебапи]   Секоја вест што имаат намера да ја напишат новинарите, треба да тргнe од неколку прашања од истражувачка природа за да се потврди тоа што се пишува, за да се создаде еднa сериозна перцепција за медиумот и за новинарот како професионалец. Веста што ја рецензираме не испочитувала ниедна норма за информирање, туку авторот само ги напишал своите лични коментари врз основа на некои направени слики, без да се обиде да ги аргументира со факти и со дополнителни извори. Линк до оригиналниот наслов: Со Мерцедес по ќебапи Датум и време на објавување: 24/10/2015 Датум на рецензија: 27/10/2015 Рецензент: Ферикан Илјази Ова е текст кој информира за влегувањето на едно возило во Старата чаршија, место обезбедено

Содржината го демантира насловот

на 2. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Движењето Беса се подготвува да биде опозиција?!]

  Надвор од сите професионални норми е во еден новинарски продукт да не се потврди насловот на даден текст. Откако читателот ќе го види насловот, го чита текстот за да ги види аргументите на тоа што е најавено во насловната конструкција. Текстот што го рецензираме се обидува преку насловот да ја дефокусира јавноста. Линк до оригиналниот напис: Движењето Беса се подготвува да биде опозиција?! Датум и време на објавување: 13.10.2015 Датум на рецензија: 27.10.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Tекстот се однесува на политичката дебата водена во емисијата „200“, но авторот не го навел тоа. Новинарскиот продукт почнува за насловот „Движењето Беса се подготвува да биде опозиција?!“ Од друга страна, во текстот,

Обид за неутрализација на „амбасадорскиот ферман“ до власта

на 2. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Амбасадорите ги повикаа политичките партии да го почитуваат договорот]

  Дека селективноста е убиец на вистинското информирање, зборува и овој текст. Хируршки прецизно извлечени се деловите од амбасадорската изјава кои некому не му одговарале и оставени се само дел од елементите, со акцентирање на опозицијата, со што, пак, се изместува главното тежиште на амбасадорската порака. Линк до оригиналниот напис: Амбасадорите ги повикаа политичките партии да го почитуваат договорот Датум и време на објавување: 27.10.2015 17:05 Датум на рецензирање: 29.10.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   Искрено, бев изненаден, и тоа пријатно, што некои медиуми, вклучувајќи го и конкретниот, воопшто и објавија дека „амбасадорската шесторка“ имала заедничка изјава. Секако, ќе беше премногу ако најважните поенти беа во целост пренесени. Тоа се

Структурата на веста е исто толку важна колку и информациите

на 2. 11. 2015 | | sq
  [Рецензија: Груевски повеќе го слуша Тадиќ, отколку амбасадорот Бејли. Половина народ ќе се крене на нога?!]   Кога новинарот пишува една вест, треба да направи јасно разграничување кој е неговиот дел, а каде почнува ставот на аналитичарот кој е контактиран. Авторот на текстот што го рецензираме не направил јасно разграничување каде почнува, а каде завршува неговото мислење, бидејќи во вториот пасус на крајот пишува дека ова е оцена на економскиот аналитичар, Исен Ибраими, меѓутоа не кажува точно каде почнува таа оцена. Линк до оригиналниот напис: Груевски повеќе го слуша Тадиќ, отколку амбасадорот Бејли. Половина народ ќе се крене на нога?! Датум и време на објавување: 22/10/2015 Датум на рецзензија: 23/10/2015 Рецензент: Ферикан Илјази Насловот не ја отсликува содржината на

Оцрнување на Ванхауте обоено со невкус

на 2. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Дали Ванхоуте прераснува во вистински идол во СДСМ?]

  До каде може да се оди во оддалечувањето од новинарските стандарди во насока на невкус и на политичка пропаганда, мошне добро илустрира овој текст. Негова тема на „обработка“ е приватниот лик на посредникот во преговорите помеѓу македонските политички партии за реализација на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, кој отворено укажуваше на проблемите со реализацијата на договореното помеѓу власта и опозицијата во Македонија, критикувајќи го однесувањето на владеjачката партија и на премиерот Никола Груевски. Ванхауте е отворено обвинет дека соработува и го поддржува опозицискиот Социјалдемократски сојуз, дека е близок на приватен план со личности од СДСМ и тоа се млади жени, членки на СДСМ, при што овие инсинуации се

Утринско озборување на национална телевизија

на 2. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Утрински ШОК: Од свадба на пешачки во Скопје!]

  Текстот што  го рецензираме е на предлог на наш читател кој вели: „Ова е провинциско озборување недостојно за нешто што себеси се нарекува медиум. Под секое ниво“. Линкуван наслов на анализираниот напис: Утрински ШОК: Од свадба на пешачки во Скопје! Датум и време на објавување: 26.10.2015 Датум на рецензирање: 28.10.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Овој напис наликува на сè освен на новинарски текст. Текстот не го содржи суштинското, а тоа е информација. Наместо тоа, овој напис на читателот му нуди озборување. И тоа шокантно! Авторот, очигледно шокиран од изгледот на посочената госпоѓа на фотографијата, одлучил да напише текст за тоа. Прво што се наметнува како прашање е дали