verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Оцрнување на Ванхауте обоено со невкус

on 2 - 11 - 2015       

skrinsot-vanhaute-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Дали Ванхоуте прераснува во вистински идол во СДСМ?]

 

До каде може да се оди во оддалечувањето од новинарските стандарди во насока на невкус и на политичка пропаганда, мошне добро илустрира овој текст. Негова тема на „обработка“ е приватниот лик на посредникот во преговорите помеѓу македонските политички партии за реализација на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, кој отворено укажуваше на проблемите со реализацијата на договореното помеѓу власта и опозицијата во Македонија, критикувајќи го однесувањето на владеjачката партија и на премиерот Никола Груевски.

Ванхауте е отворено обвинет дека соработува и го поддржува опозицискиот Социјалдемократски сојуз, дека е близок на приватен план со личности од СДСМ и тоа се млади жени, членки на СДСМ, при што овие инсинуации се совпаѓаат временски со неговото критикување на однесувањето на Груевски. Дегутантните инсинуации написот ги поткрепува со приватни фотографии на две женски личности, наводни активистки на Социјалдемократскиот сојуз, на кои може да се види дека тие во одредена ситуација биле во можност неформално да се фотографираат со Ванхауте.

Рецензија: Сезоната за отстрел на Ванхауте може да почнеЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Дали Ванхоуте прераснува во вистински идол во СДСМ?

Датум и време на објавување: 26.10.2015, 16:24

Датум на рецензирање: 28.10.2015

Рецензент: Југослава Дуковска

Нема ни назнака дека тврдењето од насловот и од воведот на текстот има некаква заснованост на факти. На сликите можат да се видат детали од политичките активности на една од овие личности, со што се сака да се покаже дека навистина се работи за членка на Социјалдемократскиот сојуз, но никаде не се објаснува зошто една фотографија на посредникот со две млади жени е некаков доказ за бесмисленото тврдење дека Ванхауте станал вистински идол на социјалдемократите и тоа до таа мерка што

„во својата популарност далеку го надминал и Зоран Заев, и додаваат дека како се движат работите опасно му се доближува и на некогашниот прв човек на СДСМ, Бранко Црвенковски.“

netpress-com-mk_foto-dali-v-1

„Партиски извори брифираат“ е често користена формулација зад која можат да стојат вистински брифери кои имаат релевантни инсајдерски информации, но, за жал, оваа формулација често се користи во медиумите за да се пласираат најневеројатни шпекулации за кои најчесто подоцна се покажува дека се невистинити. Начинот на кој е формулирана шпекулацијата во овој текст, како и тенденциозноста на тврдењата, не оставаат простор за верба дека „партиските извори“ се нешто повеќе од гола измислица.

 

netpress-2Насловот е небулоза. Може да се заклучи дека дури ниту самиот автор не верува во тврдењето, па го ставил под знак прашање и во текстот го поткрепил само со една проѕирна и на некакви си фантомски извори од СДСМ заснована „шпекулација“, која не држи вода ни при површно разгледување на фактите. Арно ама, го поминал уредничкиот филтер и со тоа редакцијата застанала зад ваквата шпекулација.

Фотографиите се особено важни во анализата на овој напис. На фотографијата на која се гледа Ванхауте во друштво на една млада жена, има уште една чијшто лик е „исечен“ односно отстранет и таа фотографија е подлогата за целата шпекулација. Кусо пребарување на интернет ќе покаже дека „исечената“ девојка од друштвото на Ванхауте е всушност спомнатата Стефанија Митевска и дека целиот текст за некаква негова изненадувачка популарност во СДСМ се темели на само една фотографија на која е белгискиот посредник сликан со двете девојки, Митевска и уште една. Со ова станува јасно и од кои причини на фотографијата од друштвото на Ванхауте е отстранета втората девојка – Митевска: освен оваа фотографија, всушност, и нема други докази за некаква си дружба на Ванхауте со млади социјалдемократки. Сите други фотографии поместени во овој текст се само приватни слики од албумот на Митевска, на кои таа се гледа во разни ситуации опкружена со други сопартијци и тие немаат никаква врска со Ванхауте. Дали е можно некој да поверува дека Ванхауте е толку популарен во Социјалдемократскиот сојуз што му ги загрозил позициите на Зоран Заев само врз основа на една фотографија на која тој е сликан со еден активист на СДСМ и со уште една анонимна девојка?

Кога станува збор за навредлив, дискредитирачки говор, овој напис е проблематичен од два аспекта – како политичка пропаганда (дискредитирање на објективноста, непристрасноста и на професионализмот на европосредникот во преговорите околу Договорот од Пржино, Питер Ванхауте) и како навредливо сексистичко инсинуирање насочено кон дискредитирање на конкретна личност претставена со име, презиме и преку приватни фотографии, чијшто живот не е и не може да биде предмет на јавен интерес само врз основа на нејзината политичка ориентација.

Невкусно, невистинито и некоректно, тоа би била накусо оцената за квалитетот на написот кој беше предмет на оваа рецензија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација, социјална, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести