Рецензии

Манипулација 200 отсто

на 7. 11. 2015 | | sq

[Рецензија: Пациентите задоволни 100%]

  Како прво, ниту една институција, организација или компанија не организира и не спроведува анкети сама за себе, од наједонставна причина што таквата анкета по ниту една основа не може да биде објективна, а со тоа ниту релевантна. Прашањето кој ја прави анкетата, освен со нивото на објективност на истражувачката институција, е поврзано и со капацитетите и со стручноста на тимот што треба да формулира, спроведе, како и да ја интерпретира анкетата. Како ја интерпретирале овие што ја спровеле оваа анкета за која толку некритички известува медиумот говори насловот: „Пациентите задоволни 100 отсто“. Таков анкетен резултат е невозможен, уште повеќе и конкретно за оваа анкета, кога веќе и во самиот текст се наведуваат анкетни

Внимателно селектирани парчиња од кои не се гледа дека прстот е вперен во власта

на 6. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Средба на Заев со европратениците Ховит и Питела]

  Прилогот што е пред нас ги премолчува најважните поенти од изјавите на претседателот на групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент (ЕП) – Џани Питела и европарламентарецот Ричард Ховит, дадени по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев (4 ноември 2015 година). Овој материјал прикрива дека двајцата дипломати експлицитно посочија дека одговорноста за неспроведувањето на Договорот од Пржино е кај ВМРО-ДПМНЕ и кај нејзиниот лидер и ги повикаа да ги исполнат обврските од Договорот. А, токму со ваквото селективно прикажување на информациите, написот свесно се става во заштита на владејачката партија. Линк до оригиналниот напис: Средба на Заев со европратениците Ховит и Питела Датум и време на објавување:

Неистражувањето ја избледува веста

на 6. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Тензии во тетовското ДУИ за една викендица]

  Текстот што го рецензираме известува за една „шпекулација“, која не успева да ја потврди или, подобро речено, ниту имало обид да се потврди. Авторот на веста на овој портал известува само за „изворите на авторот“ и иако оваа информација тој ја дознал од свои извори, тој тоа го наведува дури на крајот на текстот и тоа само преку едно единствено цитирање. Линк до оригиналниот напис: Тензии во тетовското ДУИ за една викендица Датум и време на објавување: 29/10/2015 Датум на рецензија: 30/10/2015 Рецензент: Ферикан Илјази Написот е мошне тенденциозен, но сепак интересен доколку ги содржеше потребните елементи што би потврдиле дека постои внатрепартиски криминал и корупција. Но, авторот, во недостиг 

Неаргументирано лепење етикети

на 6. 11. 2015 | |
 

Рецензија: СКАНДАЛ: Активисти на СДСМ ја нападнаа директорката на ОУ „11 Октомври“ (ВИДЕО)

  Ова е крајно тенденциозен и невистинит текст. Притоа воопшто не е содржаен, тој е едностран и необјективен. Во него ја има само едната страна, што го прави непрофесионален. Насловот е сензационалистички и предивикува внимание, но тој е невистинит. Линк до оригиналниот напис: СКАНДАЛ: Активисти на СДСМ ја нападнаа директорката на ОУ „11 Октомври“ (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 30.10. 2015, 15:57 Датум на рецензирање: 04.11.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Насловот воопшто не ја доловува вистината на тоа што се случуваше тој ден во ова училиште. Притоа, без докази и аргументи, родителите се нарекуваат активисти на СДСМ. Дури и да се членови на оваа опозициска партија,

Цитати од соновникот

на 4. 11. 2015 | |

[Рецензија: Зошто Хан е разочаран]

  По сè појасните укажувања на дипломатскиот кор за тоа кој е виновникот за кочeње на политичките процеси во Македонија (две здружени изјави на американската амбасада и на амбасадите на земјите од ЕУ, неколкуте изјави на посредникот Ванхауте, како и демаршот на германската влада дадени на македонскиот амбасадор во Берлин), како дел од печатот да е фатен во стапица: прашање е сега како да се одржува во живот тезата дека странскиот фактор го обвинува СДСМ дека е виновен за можниот комплетен дебакл на примена на договорите од Пржино. Овој текст што се рецензира е пример за тоа како се прави спин преку пренос на мислите на еден западен политичар, кој бил разочаран, ама не кажал

Не се уапсени три лица

на 4. 11. 2015 | | sq
  [Рецензија: Уапсени три лица на денешната полициска акција во Диво насеље]   Чувствителните информации што се пласираат во етерот без да се проверат, претставуваат клевети и ѝ штетат на професијата. Известувањето, не повикувајќи се на надлежните органи за случаи како што се полициските акции и билансот на уапсени, може да биде привлечно за читателите, но тоа има краткотраен ефект бидејќи бргу се дознава вистината. Линк до оригиналниот напис: Уапсени три лица на денешната полициска акција во Диво насеље Датум и време на објавување: 28.10.2015 Датум на рецензија: 29.10.2015 Рецензент: Aдриан Керими Веста што ја рецензираме не (дез)информира за упасени лица, но не е базирана на факти и новинарот не го потврдува апсењето на трите лица. Вториот пасус со посебен

Собраниски извештај во кој опозицијата како да не постои

на 4. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Собрание: Усвоени повеќе законски измени и дополнувања]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија не известува објективно за собраниската седница на која беа реизбрани претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и уште еден нејзин член. Иако овој материјал е прилично опширен, тој воопшто не ја доловува вистинската атмосфера од дебатата во парламентот, туку го фаќа само аголот на власта. Линк до оригиналниот напис: Собрание: Усвоени повеќе законски измени и дополнувања Датум и време на објавување: 02.11.2015, 19:22 Датум на рецензирање: 03.11.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

САМО РЕПЛИКИТЕ ОД ВЛАСТА

Фактички, станува збор за собраниски извештај, целосно преземен од  државната информативна агенција (што е наведено во написот, само не е ставен линкот), озаглавен со технички наслов: „Собрание:

Навредлив, дискриминаторски текст за невистинита случка

на 4. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Продавачи на Буњаковец не продаваат на соросоиди]

  Ем дезинформација, ем злоупотреба… Настан што воопшто и не се случил е искористен за јавно искажување „ниски политички страсти“ и за задоволување од, за среќа, невистинита случка на еден скопски пазар. Имаме нечиј изблик од задоволство преточен во наводен информативен текст зашто некој бил неуслужен оти е „предавник и соросоид“. Со еден збор, страшно четиво! Линк до оригиналниот напис: Продавачи на Буњаковец не продаваат на соросоиди Датум и време на објавување: 01.11.2015, 16:31 Датум на рецензирање: 02.11.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

Т.Н. СОРОСОИДИ КАКО БАБА РОГИ ЗА ЈАВНОСТА

Вистинитост нема. Станува збор за настан што воопшто не се случил. Имено, не е точна информацијата дека на една позната ТВ-новинарка и

Медиум фатен во манипулација

на 4. 11. 2015 | |

[Рецензија: Влијателните EU reporter и EU today: Лидерот на македонската опозиција фатен во срамна лага]

  Кога се крие дел од вистината, се продуцира комплетна невистина, а не делумна вистина. Бидејки не постои нешто што е делумно вистинито. Или е вистинито или не е. Врвниот принцип и задача, како обврска на новинарите, се запишани во преамбулите или во првиот член на кој било кодекс на новинари во светот, вклучувајќи го и оној на Светската федерација на новинарите. Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија. Така пишува со вториот став на преамбулата на Кодексот на новинарите во Македонија, веднаш по првиот, кој

Присутни – сите елементи на манипулација

на 3. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: КАПИТУЛАЦИЈА НА ЗАЕВ: Бара одложување на изборите]

  Содржината на вест, како новинарска форма, мора да биде точна и да се базира на факти. Тоа произлегува и од Кодексот на новинарите на Македонија, а во спротивно таквата творба се нарекува дезинформација. Целта на „информацијата“ што ја рецензираме е да се скрие вистината, да се манипулира со граѓаните и да се сочува популарностa на владеjачката структура. Граѓаните треба да се убедат дека политичкиот противник на актуелната власт „нема апсолутно никаква подршка кај граѓаните и бара одложување на изборите бидејќи е свесен дека ќе ги загуби“. Оваа констатација не е потврдена со ниту еден факт, а изворите на кои се повикува авторот се „познавачи“. Линк до оригиналниот напис: КАПИТУЛАЦИЈА НА