verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Присутни – сите елементи на манипулација

on 3 - 11 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-122-www_kurir_mk_makedonija_vesti_218993-KA-crop-resize

 

[Рецензија: КАПИТУЛАЦИЈА НА ЗАЕВ: Бара одложување на изборите]

 

Содржината на вест, како новинарска форма, мора да биде точна и да се базира на факти. Тоа произлегува и од Кодексот на новинарите на Македонија, а во спротивно таквата творба се нарекува дезинформација. Целта на „информацијата“ што ја рецензираме е да се скрие вистината, да се манипулира со граѓаните и да се сочува популарностa на владеjачката структура.

Граѓаните треба да се убедат дека политичкиот противник на актуелната власт „нема апсолутно никаква подршка кај граѓаните и бара одложување на изборите бидејќи е свесен дека ќе ги загуби“. Оваа констатација не е потврдена со ниту еден факт, а изворите на кои се повикува авторот се „познавачи“.

FireShot Screen Capture #122 - 'КАПИТУЛАЦИЈА НА ЗАЕВ_ Бара одложување на изборите' - www_kurir_mk_makedonija_vesti_218993-KAЛинк до оригиналниот напис: КАПИТУЛАЦИЈА НА ЗАЕВ: бара одложување на изборите

Датум и време на објавување: 30.10.2015, 18:32

Датум на рецензирање: 2.11.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ФАКТИТЕ СЕ ИЗГУБЕНИ ПО ПАТ

Медиумот категорички тврди дека:

„Се потврдија сите информации дека СДСМ ја нема поддршката од народот и дека на следните избори ќе доживее дебакл. Денес тоа кукавички, но прецизно и јасно го призна и Зоран Заев, барајќи одложување на изборите, во изјава дадена за сдсмовската телевизија 24 Вести.“

Пласирани се две невистини. Прво, лидерот на опозицијата во изјавата за телевизијата „24 Вести“ тоа никаде не го кажал, а второ, во импресумот на споменатата телевизијата никаде не пишува дека е гласило на СДСМ (Социјалдемократски сојуз на Македонија), со што е направен обид за нејзината дисквалификација. Со тоа, според Кодексот на новинарите на Македонија (член 16), е нарушен угледот и достоинството на професијата, а медиумот е употребен за пресметка со своите колеги.

Целта на секој медиум е да воспостави комуникација со читателите и да пренесе информација која треба да биде примена, но притоа е важно веста или информацијата да се базира на факти. Овде фактите се изгубени во манипулација и во ширење на невистина, а тоа што е пласирано е дезинформација за да се измамат граѓаните и да добијат пораки кои дезинформаторот сака да им ги пласира.

 

АНАЛИЗА НА ЦЕЛИ

Иако веста има само петнаесетина реда, со нејзината анализа се отркиваат сите цели на нарачателот кои се насочени кон граѓаните.

  • Да ги „информира“: „дека СДСМ нема подршка од народот и дека таму владее очај и доведени се до пораз.“
  • Да ги контролира емоциите на граѓаните: „Граѓаните го прочитаа антидржавното однесување на СДСМ и мрачното сценарио на оваа партија, па затоа очигледно и не им даваат поддршка.“ (Антидржавно однесување може да утврди само овластен орган на државата, а не медиумот).
  • Да ги убеди: „Очајот, кои владеат во СДСМ, каде сè погласни се поделбите и тензиите меѓу членството на партијата, кое е свесно дека нивното раководство ги доведе до нов пораз, и тоа повеќе не може да се сокрие, колку и Заев, Шекеринска и Шилегов да се обидуваат да внесат некоја надеж во која ниту самите не веруваат.“
  • Да ги мотивира гласачите: „СДСМ катастрофално лошо стои со поддршката помеѓу јавноста, што го покажаа и последните анкети кои утврдија двојно помал рејтинг на СДСМ во однос на ВМРО-ДПМНЕ и три пати поголема поддршка на Груевски во однос на Заев.“
  • Да внесе драматургија: „Со својата денешна изјава, Зоран Заев едноставно капитулираше. Барањето за одложување на изборите го покажува кукавичкото лице на Заев и ги демантира на дело сите лажни тврдења за некаква наводна сила на опозицијата.“

Граѓаните со мал напор можат самите да ја откријат вистината што, всушност, изјавил лидерот на опозицијата Зоран Заев на телевизијата „24 Вести“, дека, ако се пробијат роковите за договорот помеѓу партиите тоа мора да биде поврзано и со роковите за избори.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести