verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Цитати од соновникот

on 4 - 11 - 2015       

Зошто Хан е разочаран Република Online-crop-resize

[Рецензија: Зошто Хан е разочаран]

 

По сè појасните укажувања на дипломатскиот кор за тоа кој е виновникот за кочeње на политичките процеси во Македонија (две здружени изјави на американската амбасада и на амбасадите на земјите од ЕУ, неколкуте изјави на посредникот Ванхауте, како и демаршот на германската влада дадени на македонскиот амбасадор во Берлин), како дел од печатот да е фатен во стапица: прашање е сега како да се одржува во живот тезата дека странскиот фактор го обвинува СДСМ дека е виновен за можниот комплетен дебакл на примена на договорите од Пржино. Овој текст што се рецензира е пример за тоа како се прави спин преку пренос на мислите на еден западен политичар, кој бил разочаран, ама не кажал ништо конкретно во однос на вината. Но, медиумот сега се обидува да му ги чита мислите!

Зошто Хан е разочаран Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: Зошто Хан е разочаран?

Датум и време на објавување: 02.11.2015, 09:03

Датум на рецензирање: 03.11.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Еврокомесарот Јоханес Хан од Скопје си замина несреќен. Лидерските политички тимови од Македонија го разочарале што не се договорија во тие дванаесетина часа. Но, таа негова разочараност не се должи на неуспехот на средбата на 19 октомври. Напротив, се должи на неговата радост од 15 јули.“

Ова е појдовна точка на анализата зошто комесарот Хан е разочаран – тоа дури и со многу фантазија авторот не може да ја открие денес, во актуелниот миг, па се служи со времеплов – нè враќа во време кога се потпишувал Договорот од Пржино и кога, произлегува од текстот, Хан бил наивен во толерирањето на пристапот на СДСМ?!

Дали за оваа теза во инаку долгиот текст има основа? Нема, дури и нема директно повикување на „наши анонимни извори“. Ова се третира како некаков ноторен факт, иако се работи за судбински моменти за земјава?! Или, како за факт извлечен од нечиј соновник?

Вториот мотив за разочараност кај Хан се гледа во толкувањата за тоа дали министерот за внатрешни работи, кој требаше да се назначи на 20 октомври, ќе бил „техничко лице“ (што тврди ВМРО ДПМНЕ) или министер со сите ингеренции (толкување на СДСМ, ама и на посредникот Ванхауте!), за што авторот не наоѓа никаков цитат за поткрепа на своите ставови, освен во еден друг текст во истиот весник од малку постар датум. И таму, се разбира, нема никакви цитати или документи, туку само истоветни ламентации од типот „СДСМ сака да внесе своја хиерархија во полицијата преку ’техничкиот министер’ и да може да ја држи цела држава како свој заложник. Од медиумски работници, до сите во јавниот сектор“. Дали ова значи и дека се признава оти оваа функција – министер за внатрешни работи, значи држење во шах-мат на целиот систем и досега, кога таму беше Јанкулоска, а сега и нејзиниот наследник? Имаме ли тука индиректно признавање на сознанија што ги говорат и снимените разговори? Па, да речеме, конечно, се отплеткува прашањето на карактерот на државата во која живееме?

Наводното, пак, противење на СДСМ за необјавување на другите снимки, се доведува во некаква врска со процесот на судење на дел од можните виновници (сторители) на дејството: снимање телефонски разговори. Добро, и да е така, се прашува читателот – зошто не се толкува потпишаното, расправата за аргументите и не е битна, бидејќи, на крајот на краиштата, дебатата, а дури и караницата е дел од договорањето и документот кој потоа е потпишан! Настрана, нели, што постои обврска, толку пати спомената, да не се изнесуваат детали од преговорите, односно нив евенетуално од новите преговори да ги изнесува и коментира меѓународниот посредник.

Тоа е текст каде авторот си дава самиот простор да игра на картата дека меѓународните посредници и онака имаат доволно главоболка со она што го работат, да влегуваат во дебата или полемизирање со секој објавен текст на оваа тема.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести