verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиум фатен во манипулација

on 4 - 11 - 2015       

11032015-RSM-ZaevBrisel-crop-resize

[Рецензија: Влијателните EU reporter и EU today: Лидерот на македонската опозиција фатен во срамна лага]

 

Кога се крие дел од вистината, се продуцира комплетна невистина, а не делумна вистина. Бидејки не постои нешто што е делумно вистинито. Или е вистинито или не е. Врвниот принцип и задача, како обврска на новинарите, се запишани во преамбулите или во првиот член на кој било кодекс на новинари во светот, вклучувајќи го и оној на Светската федерација на новинарите.

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.

Така пишува со вториот став на преамбулата на Кодексот на новинарите во Македонија, веднаш по првиот, кој говори за слободата на новинарите како неприкосновено право.

Но, слободата не смее да се злоупотребува, ниту во нејзино име да се манипулира.

Зошто тоа го нагласуваме на почетокот на оваа рецензија? Зашто приредувачот или приредувачите (бидејќи таа не е потпишана), на оваа медиумска содржина скриле еден факт кој го менува целиот агол на оваа новинарска содржина.

Не се сите читатели медиумски неписмени. Ова го истакнуваме зашто на манипулациите со овој текст ни укажа токму читател на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ (СПФМ), кој како прво посочи на рубриката во која е објавен оригиналниот текст. Рубриката е „Мислења“, на интернет-порталот „ЕУ репортер“.

Тоа автоматски го менува контекстот на приказната и медиумот што ја објавил оваа содржина што ние ја рецензираме, прави сериозна манипулација кога не го наведува тоа и кога, напротив, извлекува наслов и креира контекст од кои произлегува дека е ова сторија и став на  „влијателните EU reporter и EU today“.

Кога веќе споменуваме влијателност, тука да кажеме дека додека на „ЕУ репортер“ може да му се припише одредена влијателност, тоа никако не може да се каже за „ЕУ тудеј“ бидејќи се работи за веб-страница која нема импресум и редакција и која единствено агрегира содржини од други извори.

Значи, се работи за едно исто мислење, објавено на еден портал и преземен од друг, а не како што сугерира медиумот што ја објави оваа содржина кај нас и ја врами во политички пристрасна рамка.

Ова го нагласуваме зашто вака „одработен“ текст создава илузија дека повеќе европски медиуми стојат зад изнесените ставови во ова мислење.

11032015-RSM-ZaevBriselЛинк до оригиналниот напис: Влијателните EU reporter и EU today: Лидерот на македонската опозиција фатен во срамна лага

Датум и време на објавување: 30.10.2015

Датум на рецензирање: 01.11.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Сега неколку редови за авторот на мислењето, бидејќи мислење без автор не бива. Но, тоа не го знае, или воопшто не ги интересира приредувачот или приредувачите на оваа содржина. Напротив, тие, цитираните делови од мислењето, инсистираат трипати да ги потпишуваат како „влијателни бриселски медиуми“ што е крајна манипулација, бидејќи тоа не е точно – зад ова мислење стои извесен Џејмс Вилсон.

Љубопитството нè натера да ги провериме укажувањата на нашиот читател и нам ни остана само да ги потврдиме неговите укажувања. Џејмс Вилсон (James Wilson) е единствен вработен во својата невладина оргаизација „Интернационална фондација за подобро владеење“ (International Foundation for Better Governance – IFBG), со грандизоно име и без портфолио на проекти или каква било конкретна работа (www.better-governance.org/), регистрирана во 2014 во Брисел со главна дејност – лобирање. Според сопствената веб-страница и според „Гугл“, се работи за организација без никакви активности. Ако ја посетите веб-страницата на организацијата ќе забележите и сами дека оваа организаија и овој автор ги има на интернет речиси сосема со единствено сопствени соопштенија.

Оттаму, тоа налага со право да се сомневаме дека ваков текст има каква било валидност, особено кога се знае дека е само мислење и ништо повеќе.

Тоа нè доведува до членот 13 на Кодексот на новинарите кој нагласува дека:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Ние овде додаваме дека не само што треба да се прави таа разлика, туку и јасно да се констатира како таква кога нечие мислење се пренесува.

Зашто, доколку не се постапи така, тогаш се нарушува и вториот принцип од првиот член на кодексот кој, пак, е многу прецизен:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку не се постапи така, а во овој случај тоа е факт, тогаш новинарот не е непристрасен и не е избалансиран, ниту, пак, ја обезбедил неопходната дистанца од политичките субјекти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни, нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести