verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навредлив, дискриминаторски текст за невистинита случка

on 4 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Продавачи на Буњаковец не продаваат на соросоиди NetPress NetPress-crop-resize

 

[Рецензија: Продавачи на Буњаковец не продаваат на соросоиди]

 

Ем дезинформација, ем злоупотреба… Настан што воопшто и не се случил е искористен за јавно искажување „ниски политички страсти“ и за задоволување од, за среќа, невистинита случка на еден скопски пазар. Имаме нечиј изблик од задоволство преточен во наводен информативен текст зашто некој бил неуслужен оти е „предавник и соросоид“. Со еден збор, страшно четиво!

aЛинк до оригиналниот напис: Продавачи на Буњаковец не продаваат на соросоиди

Датум и време на објавување: 01.11.2015, 16:31

Датум на рецензирање: 02.11.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

Т.Н. СОРОСОИДИ КАКО БАБА РОГИ ЗА ЈАВНОСТА

Вистинитост нема. Станува збор за настан што воопшто не се случил. Имено, не е точна информацијата дека на една позната ТВ-новинарка и на нејзин пријател не им било дозволено да купат продукти од тезга на пазар оти се „предавници и соросоиди“. Веста е преземена од твитер-профилот на личноста што ја придружувала новинарката, но потоа се утврдува дека профилот бил хакиран и дека човекот воопшто не пласирал таква вест која ја објавија и неколку портали. Значи, не само конкретниот, туку и други текстови се „лизнале“ на „бомбастичната информација“. Но, она што овој текст го разликува од другите е промовираната среќа зашто „соросоидите“ не биле услужени на пазарче! Наместо осуда на лажната случка, имаме своевидна егзалтираност оти луѓето по улици веќе јавно се декларираат и делат на предавници и на патриоти. Нечуено и невидено!

„Граѓаните веќе јасно разликуваат кој се бори за државните интереси, а кој се бори против државните интереси. Неколку пати јавноста и граѓаните ги осудуваа постапките на СОРОС и на дел од новинарите блиски до СДСМ и СОРОС, а веќе почнаа да им кажуваат и јавно во лице.“

Ова не е новина – да се стигматизираат луѓето кои мислат поинаку од официјалната мисла, која треба сите да разбереме, не е државна, туку партиска. Поточно, написот е само продолжување на досегашната практика на јавно, најчесто преку медиуми, плукање и омаловажување на неподобните. Секако, во таа категорија се сите новинари кои не се под „заедничкиот чадор“, односно контрола на власта и, нормално, фамозните „Сорос-активисти“. Ајде некој конечно да објасни што е тоа „Сорос-активист“? – Дали си соросоид ако, на пример, си се сретнал и си имал состанок со самиот човек, или, пак, ако си бил дел од таа организација во земјава, или, пак, Сорос и СДСМ, според некои, се исто?

Очигледно е дека овој текст е само обид несреќна и невистинита случка да се спинува и да ѝ се даде медиумско значење, притоа на јавноста да ѝ се „вреже“ стравот дека „оние од другата страна“ по правило се монструозни соросоиди, сдсмовци и што сè не, дека се паралелна структура која ѝ мисли зло на државата и дека како некакви си баба роги треба да бидат обележани, осудени, а можеби и, во духот на инкивизицијата, запалени на општествената клада, чие чкорче е во рацете на партијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација, социјална, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести