verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Собраниски извештај во кој опозицијата како да не постои

on 4 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___wwwtelegrafmk_aktuelno_ma-crop-resize

 

[Рецензија: Собрание: Усвоени повеќе законски измени и дополнувања]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија не известува објективно за собраниската седница на која беа реизбрани претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и уште еден нејзин член. Иако овој материјал е прилично опширен, тој воопшто не ја доловува вистинската атмосфера од дебатата во парламентот, туку го фаќа само аголот на власта.

http___www.telegraf.mk_aktuelno_maЛинк до оригиналниот напис: Собрание: Усвоени повеќе законски измени и дополнувања

Датум и време на објавување: 02.11.2015, 19:22

Датум на рецензирање: 03.11.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

САМО РЕПЛИКИТЕ ОД ВЛАСТА

Фактички, станува збор за собраниски извештај, целосно преземен од  државната информативна агенција (што е наведено во написот, само не е ставен линкот), озаглавен со технички наслов: „Собрание: Усвоени повеќе законски измени и дополнувања“.  Но, основниот проблем  во текстот е неговата селективност и нагласена пристрасност.

Читателите имаат можност да прочитаат единствено како власта – владејачката ВМРО-ДПМНЕ, го брани предлогот за претседателот и за еден член на Регулаторната комисија за енергетика да добијат нов мандат во ова регулаторно тело. Притоа, написот ја прикажува само репликата на заменик-министерот за економија на настапот на еден пратеник од опозицијата:

„Заменик-министерот за економија, Христијан Делев во реплика на пратеникот Горан Сугарески од СДСМ рече дека Петров и Кулевски се експерти во оваа област кои се докажале во своето работење и изминатиот период биле на еден начин коректор за сите случувања во делот на енергетиката…“

Но, не ја пренесува и дискусијата на пратеникот. Тоа е нелогично бидејќи не може да се разбере што точно кажал пратеникот, за заменик-министерот да реагира.

Всушност, во текстот нема ниту една дискусија на пратениците од опозицијата, кои, меѓу другото, како што пренесоа дел од медиумите, забележале (од 0,25 до 1,17 минута од видеозаписот) дека:

„Димитар Петров не може повторно да биде прв човек на Регулаторна комисија за енергетика, бидејки 1,5 година подолго од мандатот предвиден со закон, одлучувал за цените на енергенсите.“   

Исто така, опозиционерите го критикувале Петров и за:

„штитење на монополските позиции на дел од компаниите на штета на производството на струја, зголемениот увоз и повисоките сметки што ги добиваат граѓаните.“

Отсуството на излагањата на опозициските парламентарци го прави овој собраниски извештај некомплетен и површен. Тој е така скроен и пласиран што не ја прикажува реалната слика за амбиентот во кој се водела расправата за оваа точка од 71. седница на Собранието, па наспроти стандардите на професионалното новинарство наменски креира перцепција која оди во прилог на владејачката партија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести