verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Проверката е приоритет на новинарот

on 3 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Заедно со Муса Џафери, оставка ќе поднесе и Абдулаќим Адеми]

 

Приоритет на новинарот е проверката на фактите. Пренесувањето непроверени вести се коси со новинарските стандарди и со етичкиот новинарски кодекс. Текстот што го рецензираме е шпекулативен, бидејќи во ниту еден момент не нуди факти за информацијата што ја пласира.

12182222_10208045407955684_1610205193_n

Линк до оригиналниот наслов: Заедно со Муса Џафери, оставка ќе поднесе и Абдулаќим Адеми

Датум и време на објавување: 20.10.2015

Датум на рецензија: 30.10.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Се работи за една важна информација што известува за планирањето на оставките на две важни политички фигури на Демократската унија за интеграција од функциите што што актуелно ги имаат.

„Заедно со заменик премиерот Муса Џафери, оставка ќе поднесе и министерот за образование, Абдулаќим Адеми, пишува порталот Либертас. Партиски извори рекле дека двајцата ќе ги напуштат функциите кои што актуелно ги имаа во владата на Груевски.“

Објавувајќи ги нивните имиња, веста добива поголема тежина и одговорноста за објавената информација се зголемува. Вистина е дека се пренесува вест што е напишана во еден македонски портал, меѓутоа авторот на текстот можел да ја провери информацијата, пренесувајќи го ставот на лицата чии имиња се споменати во текстот. Но, не, новинарот ниту се обидел да го направи тоа.

Нормално дека заминувањето од функцијата на двајцата албански функционери би ја зачудило јавноста, затоа причините што се нудат треба да бидат издржливи и сериозни. Ова би можеле да го потврдат или да го отфрлат и извори од наведената партија.

„Дознаваме дека се зголемува бројот на незадоволни внатре во ДУИ од Џафери и Адеми.“

Градењето доверба кај читателите е една од најважните мисии на новинарот, но ова не е релевантна информација што создава доверба кај читателот. Тоа што го дознава новинарот треба да го поткрепи со два извори. Инаку останува неважна шпекулација.

Етичкиот новинарски кодекс вели дека доколку информацијата не може да се потврди, или се работи за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба и да се наведе. Непроверените информации треба да земаат со резерва и јавноста треба да се извести дека треба да ги смета како такви. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е можно повеќе.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести