verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Контроверзии околу амнестијата или амнестиите

on 3 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ALFA TV-09876-0987-0-crop-resize

 

[Рецензија: Дали зад барањето за амнестија на Верушевски се крие амнестија за Заев?]

 

Кога почнаа преговорите на четирите партии со посредство на меѓународните олеснувачи, постоеше договор да не се изнесуваат никакви детали околу она што се случува зад затворените врати во Клубот на пратениците. За ова постоела јaсна обврска на активните учесници во преговорите. Одвреме-навреме Ванхауте, Белгијанецот кој ги води преговорите, дава изјави, секако, со согласност со преговарачите и врз основа на функцијата која ја има во тој процес. Индикативно е што во прилогот, кој е предмет на рецензија имаме не само пробивање на дискретноста на преговорите, туку тоа се случува во време кога преговорите се во застој барем три недели и кога практично се преговара на релација Ванхауте – ВМРO-ДПМНЕ! Што е смислата да се даваат бајати вести кои објективно и не можете да ги проверите?

ALFA TV-09876-0987-0Линк до оригиналниот напис: Дали зад барањето за амнестија на Верушевски се крие амнестија за Заев?

Датум и време на објавување: 29.10.2015, 17:40:19

Датум на рецензирање: 30.10.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

СДСМ бара амнестија за Зоран Верушевски во преговорите меѓу партиите, јавува Дневник. Весникот пишува дека опозициската партија бара новиот закон за т.н. „свиркачи“ да важи ретроактивно и да го опфати и Верушевски, првообвинет во мега-аферата „Пуч“.“

Ова е цитат од прилогот кој инаку во малку изменети вријанти одеше во повеќе медиуми (најопширен е текстот во Дневник), што е необично – ако веќе имаме авторизација, чудно е како сите автори се потпираат на ист анонимен извор?! А, прилозите се речиси идентични по своите содржини, размислата, текот на мислите и заклучок? Ова секако „мириса“ на тоа дека се работи за некаква неофицијална прес-конференција или за истовремен допир до еден извор кој, според изнесеното, требало да е обврзан на молчење. Инаку, како би знаел што се случува зад заклучени порти? Тука се судираме и со една поширока некоректност, бидејќи кој било од преговарачите нема да смее да го потврди или негира изнесеното, зашто е обврзан да молчи за текот и за содржината на преговорите! Оттаму, зошто да ѝ веруваме на изнесената информација, на која се базираат и понатамошни коментари и повикувања на експертски мислења. Да додадеме дека екпсертите се спомнуваат во една реченица и одново – немаме конкретни имиња!?

Особено е необично наводното сознание дека претставникот на ДПА тврдел оти со ова барање за наводна амнестија на Верушевски „ќе се амнестира човек кој 20 години незаконски прислушува, прави лични досиеја и потоа уценува со нив“. Ова е прекршување на пресумцијата на невиност во процес што е во тек при што, што е шокатно, една личност се товари за дејства продолжени на цели две децении, кои се однесувале и на периодот кога во власта биле сите четири присутни партии. Дали би можеле на овој индиректен начин да ги амнестираме и првиот човек на ДБК, Сашо Мијалков, и неговата претпоставена во МВР – ексминистерката, Гордана Јанкулоска? Борејќи се против амнестијата на Верушевски, текстот, всушност, самиот се впушта во амнестија на нејзнајно колкав број прислушувачи, а меѓу нив и на две навистина „крупни ѕвезрки“ во отставка!

Рецензираниот текст дава и некоректна информација за законот за свиркачи, кој, наводно, не предвидувал амнестија за вработени во безбедносните служби, туку само за јавни службеници (значи Мијалков и Јанкулоска доаѓаат предвид), што било меѓународно искуство. Ова е апсолутно неточно и, што би се рекло, извадено од ракав. Впрочем, тој закон не е донесен и неговата содржина на крајот е неизвесна!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

Се работи за тв прилог

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести