verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Веста никогаш не смее да биде еднострана

on 3 - 11 - 2015       

recenzija-zaev-izbori-odlozuva-crop-resize

[Рецензија: Заев и СДСМ прават се за да нема избори и да нема препорака од ЕК]

 

Ова е вест која не е целосна вистинита. Од една изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во која тој никаде не вели експлицитно дека е за одложување на изборите, медумите блиски до власта почнаа хајка на омаловажување. Еве, што изјави Заев:

„Роковите се точно врзани и прецизирани за до 24 април. Мора да се испочитуваат роковите кои треба да обезбедат прочистување на избирачкиот список.“

Ова е изјавата што ја даде Заев за „24Вести“. Оттука провладините медиуми објавија серија напади врз првиот човек на СДСМ, импутирајќи му дека тој се плаши од избори и затоа бара нивно одложување.

recenzija zaev izbori odlozuvaЛинк до оригиналниот напис: Заев и СДСМ прават се за да нема избори и да нема препорака од ЕК

Датум и време на објавување: 31.10.2015,18:15

Датум на рецензирање: 02.11.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Никадe, пак, во текстот нема дека роковите предвидени со Договорот од Пржино се пробиени.

Еве што требаше да се реши досега:

  • Проблемите во медиумите (рок: 15 октомври 2015)
  • Привремената влада со министри и со заменици-министри на СДСМ ( рок: 20 октомври 2015)
  • Нацрт-верзии на законите за свиркачи и за „мораториум за бомбите“ (рок: 20 октомври 2015)

Сето ова се проблеми што го кочат Договорот од Пржино. Зошто тогаш некој не би сакал одложување на изборите. Иако Заев тоа експлицитно не го тврди, постојат реални проблеми што би можеле да ги одложат изборите.

И белгискиот олеснувач Питер Ванхауте неодамна рече дека ако нема договор за деталите на функционирањето на Државната изборна комисија до почетокот на ноември, избори во април се речиси невозоможни.

Тој вели дека сега треба да се постави прашањето дали политичките партии воопшто сакаат да постигнат целосен договор, а според него, кочници има на сите страни.

Дека овој текст не е содржаен, се гледа и во обработката на темата. Ако се обработува некој момент, како овој, тогаш тој би требало да има и изјави или мислења од експерти на оваа тема.

Професорот Никола Дујоски, за „Радио Слободна Европа“ тврди дека разговорите се во фаза во која не се важни термините и роковите, туку многу поважно е да се најдат стабилни решенија кои ќе водат кон фер, праведни и демократски избори.

Тој вели:

„Не можат сите рокови да бидат пробиени од 24 април, а да остане како рок само 24 април. Доколку имаме вакво одложување на сите други прашања претпоставувам дека е многу логично да има одложување и на изборите. Но, тоа во моментов не е воопшто важно. Дали ќе се одржат на 24 април, или на крајот на мај, или среде лето, ако не подготвиме терен за фер и демократски избори, а за тоа треба сите други точки да се испочитуваат, Македонија нема да успее.“

Во текстот, исто така, се вели дека СДСМ се плаши од анкетите кои покажувале високо водство на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, за текстот да биде докрај објективен, во него мора да го има и ставот на СДСМ по ова прашање:

„Не постои поголем лажго и манипулатор во Македонија од Никола Груевски. Слушнавме од „Вистината за Македонија“ како Груевски со неговите соработници се заканува на граѓани со бркање од работа, со одземање пензии, социјална помош, со закани по живот. Слушнавме и како Груевски на криминален начин добивал избори. Нема услови во Македонија за анкета што го одразува вистинското расположение на граѓаните.“

На крајот, текстот тврди дека ВМРО-ДПМНЕ посочува дека СДСМ тенденциозно ги опструира преговорите и нуди дел од изјава на преговарачот Антонио Милошоски, но никаде нема наведено дека истиот ден изјава имаше и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, кој рече:

„Околу предлозите што ги даваме на преговорите, не бараме нишо повеќе од она што е предвидено со Договорот од Пржино, ниту прифаќаме нешто помалку. Со министрите и со замениците-министри кои треба да бидат назначени, не сакаме да владееме заедно со ВМРО-ДПМНЕ, туку да се погрижими да се создадат услови за фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствениот виновник доколку Македонија ја изгуби препораката.“

Ова е текст кој не е комплетен и е класичен спин. Не е ниту содржаен и не е до крај вистинит. Затоа е и надвор од сите пропишани новинарски стандарди. Ова е текст кој во ваква форма не би требалo да се најде во медиум што претендира да биде професионален.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести