Рецензии

Свиркачи – странска хипокризија или домашно медиумско замаглување

на 27. 10. 2015 | | en
 

[Рецензија: Кај нас се бара закон за заштита на свиркачите, во САД се зад решетки]

  Главната теза на овој напис е дека додека кај нас во Македонија се бара законска заштита за свиркачите (дојавувачите), односно лицата што јавно пријавуваат незаконско работење на своите работни места, во САД, ете, тие се прогонувани, што изгледа како обична хипокризија. Покрај ова, во написот има контрадикторни наводи во однос на заштитата на свиркачите во земјите на ЕУ. Линкуван наслов на анализираниот напис: Кај нас се бара закон за заштита на свиркачите, во САД се зад решетки Датум и време на објавување: 20.10.2015, 17:46 Датум на рецензирање: 27.09.2015 Рецензент:  Владимир Петрески На почетокот, написот критички се осврнува врз состојбата со свиркачите во САД,

Соопштенијата за медиумите се само еден дел од веста

на 24. 10. 2015 | | sq
[Рецензија: Движењето Беса го поддржува Советот на родителите на училиштето „Имри Елези“]   Не може да се смета дека еден новинар професионално си ја извршил својата работа доколку едноставно само пренесува информации од официјалното соопштение на една организација или, во најлош случај, доколку целосно го пренесе соопштението на организацијата. Новинарот треба да го збогати својот напис со дополнителни информации поврзани со настанот, што ја појаснуваат идејата која ѝ се пренесува на јавноста. Линк до оригиналниот напис: Движењето Беса го поддржува Советот на родителите на училиштето „Имри Елези„ Датум и време на објавување: 14.10.2015 Датум на рецензија: 15.10.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Во написот што е предмет на ова рецензија се пренесува (целосно) едно соопштение за печат на Движењето Беса, во кое 

Наслов кој ја негира вистинитоста на „доказите“

на 24. 10. 2015 | | sq

[Рецензија: По 1000 денари плус такси за протестот на средношколците?!]

  Некои средни училишта во Скопје во четвртокот осамнаа со непристојни пораки, испишани на ѕидовите. На тапет беа тие што учествувале на протестот по скопските улици и пред Министерството за образование и со нив беа обвинети дека заработиле пари кои им биле ветени ако дојдат на овој собир!? Основа за тоа беше текстот (прилогот) на ТВ „Сител“, преземен потоа од грото провладини медиуми за таа тема – овие ученици, наводно, имале бесплатен такси-превоз, а згора добиле и по 1.000 денари „џепарлак“. Нели, кој не би одел?! Линк до оригиналниот напис: По 1000 денари плус такси за протестот на средношколците?! Датум и време на објавување: 21.10.2015 15:51 Датум на рецензирање: 23.10.2015

Пример за тоа како не се пишува вест

на 24. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Фатмир Дехари го критикува министерот на ДУИ и Владата!]

  Недостигот од структура во веста, прави таа да биде многу нејасна за читателот. Следствено, тој не се информира правилно. Веста што ја рецензираме информира за едно прашање од голем интерес за јавноста, но како таква, таа е празна и на јавноста не ѝ ги нуди потребните елементи за таа на крај да биде информирана како што треба. Линк до оригиналниот напис: Фатмир Дехари го критикува министерот на ДУИ и Владата! Датум и време на објавување: 14.10.2015 Датум на рецензија: 16.10.2015 Рецензент: Aдриан Керими Насловот е многу општ и имајќи го предвид тоа што подолго време се пишува по медиумите, читателот добива впечаток како веста да зборува за нешто

Најважните пораки и констатации од белгискиот олеснувач Питер ван Хојте – скриени

на 24. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Ванхоуте: Непостигнувањето договор го загрозува одржувањето на изборите во април]

  Прикривањето на важните информации од граѓаните не е ништо ново. Тоа е стара практика. Меѓутоа, прашањето е зошто тоа се прави кога на крајот, сепак, сè ќе се дознае. Во овој случај, медиумот ги скрил најважните пораки и констатации од белгискиот олеснувач Питер ван Хојте кои се поврзани со Договорот од Пржино, а акцентот го ставил на периферните работи за вистината да се скрие од граѓаните и на тој начин да се заштитат одредени политички центри на моќ и да се сочува нивната популарност. Линк до оригиналниот напис: Ванхоуте: Непостигнувањето договор го загрозува одржувањето на изборите во април Датум и време на објавување: 21.10.2015 15:01 Датум на

Цинизам и замена на тези место објективно информирање

на 24. 10. 2015 | |
 

[Јанева во координација со СДСМ повторно контрадикторна: Пред два дена рече дека ќе работи со половина тим, сега се премисли]

  Текстот што го рецензираме почнува со толку лажно, тенденциозно и цинички интонирано тврдење во насловот, што не остава голема надеж дека и остатокот од содржината ќе донесе некое придвижување во насока на објективното и вистинито информирање. Како што ќе покаже исчитувањето на целиот текст, јасно е дека со него требало да се постигнат две цели – да се дезинформира јавноста дека специјалниот јавен обвинител Катица Јанева не е објективен и непристрасен професионалец, бидејќи едно ветува, а друго прави, и, второ, да ја дискредитира неа лично, обвинувајќи ја дека работи во содејство со опозицијата. Линк до оригиналниот напис: Јанева

Царувањето на невистини во медиумите може да поттикне граѓанска војна

на 24. 10. 2015 | |
  [Рецензија Белгиецот Ванхут денес ги укина државата и уставните институции.Тој е цар Леополд]   Посредникот кој во име на ЕУ се обидува да помогне во решавање на политичката криза во Македонија, Питер ван Хојте, дефинитивно не е цар Леополд, но царувањето на лагите во дел од медиумите во Македонија, исто така, дефинитивно може да поттикне граѓанска војна и безредија. Овој заклучок се наметнува кај вашиот рецензент по читањето на овој текст, во кој со груби невистини и со извртување на фактите во врска со активностите на посредникот, во еден момент се повикува на „одбрана на државата и државноста на улица со сите средства“. Што сакале авторот и медиумот да кажат со тоа, не е појаснето, зашто нема

Неоправдан атак врз личност, крајно понижувачки за новинарската професија

на 23. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Со што е платена пристрасноста на Ванхауте?]

  Ова е текст кој е целиот шпекулативен, без извори, без аргументи и без докази. Притоа е навредувачки за еден посредник на ЕУ, кој помага во решавањето на политичката криза во Македонија. Нарачката од политички центар е видлива од авион. Крајно понижувачки текст за новинарството и за професијата. Линк до оригиналниот напис: Со што е платена пристрасноста на Ванхауте? Датум и време на објавување: 21.10.2015, 17:43 Датум на рецензирање: 22.10.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Да почнеме со ред. Првото што овој текст го нема, а без кое не може да постои професионален текст, е изворот на информација. Тука го нема. И втората битна работа во новинарството е што не е прашана засегнатата

Моето имагинарно експертско другарче

на 23. 10. 2015 | | sq

[Рецензија: „Заради стравот на СДСМ од избори, Македонија ја губи препораката“]

  Што нè поттикна да ја предложиме оваа медиумска содржина за рецензија на нејзините новинарски елементи? Неколку нешта нè предизвикаа уште при првото читање: текстот се повикува на експерти, а нема ниту еден со име и со презиме; полн е со обвинувања и со шпекулации фокусирани само врз еден „виновник“; текстот сее и страв и несигурност само врз основа на еднострани аргументи на непотпишаниот автор. Линк до оригиналниот напис: Заради стравот на СДСМ од избори, Македонија ја губи препораката Датум и време на објавување: 21.10.2015 15:17 Датум на рецензирање: 22.10.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски Да ги елаборираме овие сериозни забелешки. Кога имаме новинарска содржина, која не е резултат на известување

Скандалозни грешки и обвинувања

на 23. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СКАНДАЛ: СДСМ фатен на дело како режира вести на соросовите медиуми]

  Овој текст е класичен пример за тоа како, во обид да се нападне некој по секоја цена, се прават големи грешки поради непроверени факти и со тоа на јавноста ѝ се пласира лажна и манипулативна вест. Линкуван наслов на анализираниот напис: СКАНДАЛ: СДСМ фатен на дело како режира вести на соросовите медиуми Датум и време на објавување: 14.10.2015 Датум на рецензирање: 21.10.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Авторот на написот уште во насловот и на почетокот од текстот најавува дека открил некаков скандал, како „СДСМ режирала вести на соросовите медиуми“ и го убедува читателот дека уредувачката политика во тие медиуми била препуштена на партискиот штаб на