verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Свиркачи – странска хипокризија или домашно медиумско замаглување

on 27 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Англиски

Кај нас се бара закон за заштита на свиркачите во САД се зад решетки-crop-resize

 

[Рецензија: Кај нас се бара закон за заштита на свиркачите, во САД се зад решетки]

 

Главната теза на овој напис е дека додека кај нас во Македонија се бара законска заштита за свиркачите (дојавувачите), односно лицата што јавно пријавуваат незаконско работење на своите работни места, во САД, ете, тие се прогонувани, што изгледа како обична хипокризија. Покрај ова, во написот има контрадикторни наводи во однос на заштитата на свиркачите во земјите на ЕУ.

Кај нас се бара закон за заштита на свиркачите во САД се зад решетки-finalЛинкуван наслов на анализираниот напис: Кај нас се бара закон за заштита на свиркачите, во САД се зад решетки

Датум и време на објавување: 20.10.2015, 17:46

Датум на рецензирање: 27.09.2015

Рецензент:  Владимир Петрески

На почетокот, написот критички се осврнува врз состојбата со свиркачите во САД, при што се критикува претседателот Барак Обама, во чиј мандат прогонот врз овие лица значително  се зголемил.

„Сега, со шест години зад себе како прв човек на САД, може да се „пофали“ со податокот дека во негово време таканаречените свиркачи се соочуваат со вкупно 751 месец зад решетки. Kолку за споредба, претходно, уште од американската револуција сите свиркачи заедно добиле вкупно 24 месеци затвор.“

Рецензираниот текст, а особено цитираниот пасус, се потпира врз напис од порталот „Феир обзервер“ (Fair Observer). Ако вака се постават работите, тие на прв поглед звучат навистина како сериозна и оправдана критика. Но, ајде да видиме за што поконкретно станува збор. Како прво, појавата на „свиркачите“ не е нова, но препознавањето на нивната улога како позитивна, сепак, е ново. Во минатите векови, ваквата практика на објавување сензитивни информации во јавноста или за да се спречи или покаже корупција, некое друго прекршување на законите или покажување со прст врз претпоставените лица за да се демаскираат нивните незаконски дејства и тоа особено во областа на одбраната, разузнавањето и на внатрешните работи, било едноставно невидено и крајно невообичаено. Толеранцијата кон таков евентуален чекор во минатото не постоела и таквите лица можеле да очекуваат дека ќе бидат прогласени за предавници или, во најмала рака, како виновни за непочитување на претпоставените и субординација. Сфаќањето на „свиркачите“ во позитивно светло, сепак, бара постоење на демократски политички систем и владеење на правото.

Потоа, 751 месец значи 62,8 години. Од нив, 35 години отпаѓаат на затворска казна за само едно лице – „свиркачот“, Бредли Менинг, кој го снабди со крајно сензитивни и класифицирани информации „Викиликс“. Сноуден би можел да биде казнет максимум до 30 години, додека другите пет лица се или осудени или се соочуваат со казни не поголеми од две и пол години. Само казните на Менинг и на Сноуден заедно се подолги од 751 месец, па не е јасно како е дојдено до ова бројка. Но, во некои минати времиња, лице како Менинг едноставно би било осудено за велепредавство, би било погубено и никаков број затворски месеци не би бил додаден кон оваа наизглед навистина ниска бројка од 24 месеци, колку што „свиркачите“ севкупно биле осудени пред доаѓањето на Обама. Конечно, „епидемијата“ на „свиркачите“, барем во САД, почна да се шири со појавата на Едвард Сноуден и со неговото објавување на тајните материјали од НСА. Сите тројца спомнати свиркачи, кои ги именува написот во „Феир обзервер“, се однесуваат на периодот по Сноуден.

Понатаму, проблематичен е и следниов пасус:

„И додека американската администрација ги казнува свиркачите како никогаш досега, меѓународните претставници (каде што САД играат главна улога) во Македонија бараат донесување закон за свиркачи, кој се споменува и во извештајот на Прибе.“

Извештајот на Прибе содржи препораки, а тоа дали би се донесол ваков закон или не зависи само од политичката волја на македонските политички чинители. Закон за свиркачи не се спомнува никаде во текстот од Договорот од Пржино (на мекадонски – неофицијален превод), а неодамна дознавме дека македонските партии се договориле ваков закон да се донесе во пакет и како противтежа на законот со кој би се ограничило објавувањето на „бомбите“. Исто така, не треба многу да се претпоставува за да се сфати дека ова е едно од барањата на СДСМ, за евентуално таквиот закон да биде применет врз лицата кои сега се во притвор, за кои лидерот на СДСМ и јавно има побарано тие да бидат третирани како свиркачи. Така што, наводот дека „меѓународните претставници (каде што САД играат главна улога) во Македонија бараат донесување закон за свиркачи“ е крајно проблематичен. Со голема сигурност може да се каже дека ако и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ немаа интерес за донесување на таков закон, нив странскиот фактор немаше да ги притиска во таква насока. Барем не сега, во текот актуелнава политичка криза кога иднината на севкупниот демократски процес е доведен во прашање.

Потоа, значителна дискрепанција постои меѓу различни делови од текстот. Во главниот текст се вели дека закон за „свиркачи“ „има во повеќето од земјите во ЕУ“, но, во понатамошниот текст, односно во изјавата на професорката Тања Каракамишева-Јовановска, се вели нешто сосема друго:

„Од вкупно 28 членки на ЕУ, само четири – Велика Британија, Луксембург, Словенија и Романија – имаат усвоено закон што им нуди директна и целосна заштита на свиркачите. Во седум од нив (Бугарија, Финска, Грција, Литванија, Португалија, Словачка и Шпанија) има многу ограничени одредби за нивна заштита, а во преостанатите 17 земји или многу површно се третира нивната заштита или воопшто не постојат законски решенија за ова прашање…“

Од изјавата на проф. Каракамишева-Јовановска испаѓа дека во најголем дел од земјите на ЕУ заштитата на свиркачите е на многу ниско ниво или ја нема воопшто. Контрадикторните тврдења во рамките на еден текст изгледаат многу лошо. Така најлесно се губи кредибилитетот кај читателите и на крај тие остануваат неинформирани зашто немаат начин да осознаат која од двете спротивставени информации е точна. Во конкретниов случај, ниедна од нив не се чини како сосема точна, туку вистината личи како да е на средина.

Во извршното резиме на извештајот на „Транспаренси интернешнал“ за правната заштита на свиркачите, се вели дека четири земји на ЕУ имаат посебни закони, односно посебна правна рамка, но од другите 23 земји на ЕУ, 16 имаат делумна правна заштита за вработените кои ќе се одлучат да пријават незаконски дејства, додека само седум имаат ограничена или никаква правна рамка. Во последниот извештај за напредокот на оваа законска регулатива на европско ниво на Советот на Европа од април годинава, се наведува позитивниот развој во редица земји: Чешка и Ирска (нов закон во 2014), Франција (нови закони меѓу 2007-14), Словачка (нов закон во јануари 2015) и Србија (нов закон кој стапи на сила во јуни годинава).

На крај, само кратко би го прокоментирале насловот: „Кај нас се бара закон за заштита на свиркачите, во САД се зад решетки“. Она што во овој наслов е проблематично, тоа е фактот што три лица, кои во текот на правната постапка би можеле да бидат класифицирани како свиркачи, исто така, се во затвор и во Македонија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести