verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навредите не се аргументи

on 28 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Клеветите на еден псевдоновинар]

 

Вистинското новинарство се заснова на факти и на добро аргументирани информации. Вклучувањето шпекулации и предрасуди во еден напис, кој претендира да биде информативен, е во спротивност со новинарските стандарди.

download

Линк до оригиналниот напис: Клеветите на еден псевдоновинар

Датум и време на објавување: 14.10.2015

Датум на рецензија: 21.10.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Текстот што го рецензираме е целосно базиран на шпекулации и на предрасуди. Насловот не е информативен туку тенденциозен.

„Еден псевдоновинар, кој што неговата новинарска кариера ја започна во македонски медиуми, нарекувајќи ја ОНА „терористичка“, вечерва на Фејсбук открил дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, отишол на гости во владата кај Никола Груевски.“

Авторот на овој текст не му става до знаење на читателот за кој „псевдоновинар“ (како што го нарекува) зборува. Или, поточно, не го наведува неговото име.  Исто така, не го обзнанува, ниту го линкува тоа што го „открил“ („псевдоновинарот“) на „Фејсбук“, врз што се базира информацијата која во написот се нарекува „класична дезинформација“.

Новинарот во ниту еден момент не се обидува да го аргументира тоа што го пишува. Со тоа што тој не го базира својот напис врз факти, текстот наместо да добие информативен карактер, во себе има тенденции на манипулација со јавноста и е шпекулативен.

Текстот е во спротивност со новинарската етика.

Според Новинарскиот кодекс „новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести