Рецензии

Изјава дадена во 4 часот наутро, веќе прокоментирана со соговорници во 8 часот

на 22. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Договор нема, на Заев памет не му иде]

  Некој го пронашол „виновникот“, ама прашањето е врз основа на што? Линк до оригиналниот напис: Договор нема, на Заев памет не му иде Датум и време на објавување: 20.10.2015, 08:26 Датум на рецензирање: 21.10.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

РЕДОВНИОТ КАБАЕТЛИЈА НЕКА КРЕНЕ РАКА!

Би бил изненаден, и тоа пријатно, ако одредени медиуми, исто како и оној чиј текст е предмет на рецензија, еднаш успеат барем дел од одговорноста за политичката какофонија да ја пронајдат на друго место, а не само кај опозицијата и кај нејзиниот лидер. Безмалку за сè во државава, почнувајќи од ланскиот снег, сообраќајниот метеж во главниот град, средношколските собири, студентските протести, нервозните домаќинки во пресрет на зимница-периодот,

Пристрасно и дел од нескриен спин

на 22. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Дали притисокот врз обвинителите ќе влезе во извештајот на Хан за РМ?]

  Ако е земјата во голема криза, ако таа беше поттикната од откриените разговори во врвот на државата и ако, како излез од таа криза, меѓународните посредници воспоставија специјална и нова институција, со лекс специјалис, тогаш секако кочничар во надминување на кризата е секој оној, како поединец или институција, што не дозволува заживување на одредбите на законот. Оттаму, иритантно е кога текстот се обидува да ги заштити кочничарите на сметка на тие што треба да го вратат дигнитетот на институциите во земјата. Линк до оригиналниот напис: Дали притисокот врз обвинителите ќе влезе во извештајот на Хан за РМ? Датум и време на објавување: 20.10.2015 17:48 Датум

Текстот мора да биде целосно точен, без импровизации

на 22. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ОСТАНУВА ИСТ, ЌЕ СЕ ДОПОЛНУВА СО ФОТОГРАФИИ]

  Овој текст почнува со невистина уште во насловот. Тој е неточен и е изваден од контекст. Со изместување на вистината се создава теза преку која потоа се гради целиот текст. Иако во медиумите имаше и изјави од засегнатите страни, тие не се користени во текстот за да се дообјаснат нештата. Затоа, во написот има полувистини и недокажани работи – намерно или од незнање, не се знае, но, сепак, факт е дека постојат. Линк до оригиналниот напис: ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ОСТАНУВА ИСТ, ЌЕ СЕ ДОПОЛНУВА СО ФОТОГРАФИИ Датум и време на објавување: 15.10.2015, 17:52 Датум на рецензирање: 19.10.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Ова е текст кој не е докрај содржаен. Има

Сликите треба да ја дополнуваат информацијата

на 22. 10. 2015 | | sq
[Рецензија: Мендух Тачи од Дива населба го следи натпреварот на репрезентацијата, Куманово е со Тачи!]   Повикувањето на анонимни и на нерелевантни „извори“, чие мислење не се проверува, ја дезинформира јавноста. Ова е заклучокот до кој би можела да дојде јавноста откако ќе ја прочита оваа вест. Наведениот портал што информира за тоа каде Мендух Тачи го гледал натпреварот на репрезентацијата, иако го спомнал изворот на сликите, сепак, на крај ја дезинформира јавноста. Линк до оригиналниот наслов:Мендух Тачи од Дива населба го следи натпреварот на репрезентацијата, Куманово е со Тачи! Датум и време на објавување: 11.10.2015 Датум не рецензија: 12.10.2015 Рецензент: Aдриан Керими Насловот вели „Мендух Тачи од „Дива населба“ го следи натпреварот на репрезентацијата, Куманово е со Тачи!“. Но,

Наслов и теза без корен

на 22. 10. 2015 | |

[Рецензија: Зоран Заев се договара а планира да го прекрши договореното]

  Со голема желба и со ентузијазам пристапивме кон во оваа куса вест, информација, коментар, што ли е, за да ги откриеме елементите врз основа на кои е изведен насловот на оваа медиумска содржина. Тој, насловот, воедно, е главната поента што требало да се пласира – дека лидерот на опозицијата „се договарал за да го прекрши договореното и повторно да објавува снимки“. Се мисли на „бомбите“. Линк до оригиналниот напис: Зоран Заев се договара а планира да го прекрши договореното Датум и време на објавување: 20.10.2015, 08:43 Датум на рецензирање: 21.10.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски Навистина многу се посветивме за да најдеме оправдување и за насловот и за намерата да

Квалификации против меѓународната заедница кои со ништо не можат да се потврдат

на 22. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: : Брисел е бетер од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно!]

  Интересни и шокантни наслови најчесто се репрезентативни примероци за најчитаните вести. Таквата практика да се привлече вниманието на читателите е дозволива, дури и посакувана. Меѓутоа, во желба за поголеми тиражи, не смее да се манипулира со насловот и да се прави конструкција која треба да ја измами публиката и да ја убеди невистината да ја прифати како вистина. Во текстот што го рецензираме, направено е тому тоа. Тезата која е изнесена во насловот, „Брисел е бетер од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно“, понатму во текстот со ништо не е докажана и аргументирана. Линк до оригиналниот напис: : Брисел е бетер од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно! Датум и време на

Предизборен рекламен спот наместо новинарски производ

на 21. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Надлежните ги решаваат проблемите на граѓаните]

  Координативниот состанок на премиерот со некои министри, директори на јавни претпријатија и со градоначалници (од редовите на владејачката партија) е искористен за наменски прилог во кој се величи власта – премиерот. Овој материјал нема проблем со вистинитоста, изворите, ниту со содржајноста. Но, има фалбаџиски тон и креира перцепција дека Владата се грижи за граѓаните и е посветена на решавањето на нивните проблеми. Линк до оригиналниот напис: Надлежните ги решаваат проблемите на граѓаните Датум и време на објавување: 19.10.2015,  16:55 Датум на рецензирање: 19.10.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ГРИЖЛИВАТА ВЛАДА!

За што, всушност, станува збор? Настан (координативен состанок во Владата) кој заслужува максимум техничка вест од неколку реда, се предимензионира и се

Без проверка не може да има објавување

на 21. 10. 2015 | | sq
  [Рецензија: Писмо од Чикаго: ДУИ рацете настрана од албанската дијаспора]   Написот обработува една многу чувствителна тема, но со многу малку елементи што би ја поддржале. Авторот пласира текст за кој се претпоставува дека е писмо испратено од револтираните албански дејци во Чикаго, но нивниот потпис не стои никаде. Ова остава простор за сомнеж кај читателот. Згора на тоа, текстот е и едностран. Страната за која цело време се зборува во текстот, воопшто не е исконтактирана од авторот. Линк до оригиналниот напис: Писмо од Чикаго: ДУИ рацете настрана од албанската дијаспора Датум и време на објавување: 03/10/2015 Датум на рецензија: 14/10/2015 Рецензент: Ферикан Илјази „Писмото од Чикаго“ кое е претставено од авторот, не содржи веродостојни факти, што би ѝ

Анонимните извори ја прават и веста анонимна

на 21. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Кој ќе биде наследникот на Ахмети, доколку тој се казни за аферата „Телеком“?]

  Во кревки политички и општествени ситуации како актуелната ситуација во Македонија, секоја вест за кадровски промени, повлекување на политичари или создавање нови субјекти, буди голем интерес, особено во општество преокупирано толку многу со политичките збиднувања како нашето. Но, тој факт не треба да се искористи за да се долее што повеќе масло на огнот, тргнувајќи само од тоа што го велат анонимни извори, чии наводи авторот не успева да ги потврди. Линк до оригиналниот наслов: Кој ќе биде наследникот на Ахмети, доколку тој се казни за аферата „Телеком“? Датум и време на објавување: 14/10/2015 Датум на рецензија: 14/10/2015 Рецензент: Ферикан Илјази Со веста која

Компромисот се промовира како партиска победа

на 21. 10. 2015 | |

[Рецензија: Изборите можат да почнат утре – ако Заев не избега од нив]

  Првичниот поттик да се зафатиме со рецензија на оваа медиумска содржина беше една многу непрофесионална постапка, и од новинарски, и од етички аспект. Таквата постапка најбезобразнo промовира еден компромис во врска со реформите за изборниот законик и правила, да се прикаже исклучиво како – победа на една од пaртиите во преговарачкиот процес, односно мнозинската владеjачка партија. Тоа воопшто не одговара на вистината, бидејќи во преговорите по тоа прашање – гласањето на дијаспората – е постигнат компромис. Значи, решение до кое се дојде откако двете, односно сите четири партии, отстапија од своите тврди позиции и сите се согласија на последното понудено решение. Со тоа е прекршен еден