verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Изјава дадена во 4 часот наутро, веќе прокоментирана со соговорници во 8 часот

on 22 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

222-09876-0980909-crop-resize

 

[Рецензија: Договор нема, на Заев памет не му иде]

 

Некој го пронашол „виновникот“, ама прашањето е врз основа на што?

222Линк до оригиналниот напис: Договор нема, на Заев памет не му иде

Датум и време на објавување: 20.10.2015, 08:26

Датум на рецензирање: 21.10.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

РЕДОВНИОТ КАБАЕТЛИЈА НЕКА КРЕНЕ РАКА!

Би бил изненаден, и тоа пријатно, ако одредени медиуми, исто како и оној чиј текст е предмет на рецензија, еднаш успеат барем дел од одговорноста за политичката какофонија да ја пронајдат на друго место, а не само кај опозицијата и кај нејзиниот лидер. Безмалку за сè во државава, почнувајќи од ланскиот снег, сообраќајниот метеж во главниот град, средношколските собири, студентските протести, нервозните домаќинки во пресрет на зимница-периодот, налутените дипломати, нервозните таксисти и бегалската криза, виновни се „оние лошите“ во фамозната Бихаќка. Чиниш, тие се на власт во изминаите девет години, а не актуелната постава. Значи, стандардна практика, луѓето уште неразбудени се „бомбардирани“ со информации дека баш на Зоран Заев треба да се впери прстот за дебаклот во Пржино, а не на некој друг.

Внимавајте, изјавата на претседателот на СДСМ е дадена во 4 часот наутро, а веќе во 8 часот, т.н. „мртов период“, кога е многу тешко да се дојде до соговорници, извори, проверка на податоци, ете се стигнало до веста дека „нема договор и дека на Заев памет не му иде“. Поточно, ако внимателно се разгледа кусиот текст, ќе се види дека во него нема какви било други извори на информации, освен основната изјава на лидерот на опозицијата која некој ја протолкувал како „Заев пак во свој стил со обвинувања и напади, наместо со работа“. И ете така, врз основа на непостоечки, барем за нас како читатели, и воедно неприложени аргументи, подготвено е обвинение и изречена е пресуда – виновен е Заев. Фактот дека нема евидентирани дополнителни извори или, пак, јасно наведени соговорници, ниту, пак, факти што „држат вода“, а сепак се изведени цврсти заклучоци, безмалку како некаква си форма на апсолутна вистина, доволно говори за степенот на пристрасност. Дополнително, пренесен е само сегмент од изјавата на првиот човек на СДСМ што, пак, упатува и на селективен пристап во материјалот. Затоа, нереално е да се очекува дека во „графата“ содржајност, би можела да се стави висока оценка. Преодна, можеби.

Сè на сè, кус производ, што на необјективен начин пласира нецелосна информација за клучен политички настан и истовремено дели обвинителни акти без какви било понудени аргументи. Мириса на партиска потерница за „дежурниот кабаетлија“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

евидентирани, но извитоперени

официјални

релевантни

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

најверојатно да

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести