verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пристрасно и дел од нескриен спин

on 22 - 10 - 2015       

Дали притисокот врз обвинителите ќе влезе во извештајот на Хан за РМ-crop-resize

 

[Рецензија: Дали притисокот врз обвинителите ќе влезе во извештајот на Хан за РМ?]

 

Ако е земјата во голема криза, ако таа беше поттикната од откриените разговори во врвот на државата и ако, како излез од таа криза, меѓународните посредници воспоставија специјална и нова институција, со лекс специјалис, тогаш секако кочничар во надминување на кризата е секој оној, како поединец или институција, што не дозволува заживување на одредбите на законот. Оттаму, иритантно е кога текстот се обидува да ги заштити кочничарите на сметка на тие што треба да го вратат дигнитетот на институциите во земјата.

Дали притисокот врз обвинителите ќе влезе во извештајот на Хан за РМЛинк до оригиналниот напис: Дали притисокот врз обвинителите ќе влезе во извештајот на Хан за РМ?

Датум и време на објавување: 20.10.2015 17:48

Датум на рецензирање: 21.10.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Европската комисија не одговара на прашањето дали инсистирање до македонскиот Совет на јавни обвинители да ги прифати сите 14 члена на специјалното јавно обвинителство што ги предложи специјалната обвинителка Катица Јанева е притисок врз македонското судство.“

Оваа реченица од текстот е прашањето упатено до портпаролката на Хан, Маја Коциначич, со барање за одговор. Кој не е добиен…

Превртувањето на темата околу она што навистина ќе влезе во извештајот на Хан доаѓа од упорното одбивање да се сфати дека специјалното обвинителство е формирано затоа што постојното јавно обвинителство не постапуваше по оние предмети што сега ги „одмерува по тежина“ како поштенски пратки на вага, за колешката која ја доби специјалната позиција. Да, тука има парадокс што оние кои се потенцијално на листата за судење, како самиот републички обвинител Зврлевски, кого некои од снимените разговори директно го прават потенцијално осомничен (местење обвинители, ставање предмети на судење по наредба и во исто време вадење предмети од истрага, а на барање на ексминистерката за внатрешни работи) сега е тој, заедно со најблиските околу него, дел од дружината која треба да изгради терен за да ѝ се олесни или попречи работата на нивната довчерашна колешка! И да одредува колку предмети таа ќе имала…

Тие, членовите на Советот на јавни обвинители, велат дека на Катица Јанева ѝ биле доста седум помошници, бидејќи имала само дваесетина предмети. Па, за жал, оние колеги што ги следеа дебатите на Специјалното јавно обвинителство не прашаа како тоа претходно, пред Договорот од Пржино, Зврлевски не реши ниту еден предмет со месеци (од споменатата бројка), а имаше под себе 204 обвинители, значи 30 пати поголема бројка на врвни стручњаци, плус цела друга машинерија, а одеднаш се изјавува дека за Јанева се доволни седуммина и – квит?!

Во меѓувреме, нивниот комплетен опортунизам, на политичка база требаше да решава и проблеми кои тие, редовните обвинители, ги увидоа како одеднаш „никнати во тревата“, па се поставија и други прашања кои ги имаат на маса или во фиока – тие имале многу работа, а мали им биле платите, немале доволно кадар, па законот за специјално обвинителство не бил уставен…

Од ова тело не дадоа одговор на барањето на американската амбасада и на ЕУ, како и на повикот на четирите партии, сите заедно дел од преговарачкиот ансамбл во Пржино, но затоа веднаш ѝ дадоа шлагворт на новинарката да заклучи дека вршеле притисок. Едно од барањата (на американскиот амбасадор) дури вели дека Вашингтон ќе ги плаќа сите трошоци на обвинителката Јанева, ако веќе тоа било проблем за нашиот буџет, ама нели, сега таа тема се тргнува од масата.

Парадоксите на проблемот што го третира текстот мора да се согледаат, инаку не е завршена домашната работа. Мора да се има предвид комплексноста на кризата и да се видат разурнатите институции во кои живееме, инаку без таква перцепција сè ќе биде пристрасно и дел од нескриен спин.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Се работи за политички проценки а не за факти

Треба да се види законот, како и да се прашат оние кои го напишале

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

Не се проверува тесктот и логиката на Законот за специјалната обвинителка

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

Посоодветна е друга фотографија, бидејќи Коцијанчиќ ја има со една реченица и тоа во наднасловот

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести