verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Квалификации против меѓународната заедница кои со ништо не можат да се потврдат

on 22 - 10 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-119-vecer_mk_makedonija_brisel-e-beter-crop-resize

 

[Рецензија: : Брисел е бетер од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно!]

 

Интересни и шокантни наслови најчесто се репрезентативни примероци за најчитаните вести. Таквата практика да се привлече вниманието на читателите е дозволива, дури и посакувана. Меѓутоа, во желба за поголеми тиражи, не смее да се манипулира со насловот и да се прави конструкција која треба да ја измами публиката и да ја убеди невистината да ја прифати како вистина. Во текстот што го рецензираме, направено е тому тоа. Тезата која е изнесена во насловот, „Брисел е бетер од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно“, понатму во текстот со ништо не е докажана и аргументирана.

FireShot Screen Capture #119 - 'Брисел е бетер од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно! I Вечер' - vecer_mk_makedonija_brisel-e-beter-od-Линк до оригиналниот напис: : Брисел е бетер од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно!

Датум и време на објавување: 19.10.2015, 18:22

Датум на рецензирање: 20.10.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ЛОШ, ГРД, БЕТЕР

Во целиот текст не е спорен само насловот. Во понатамошна, неаргументирана елаборација на најавата дека „Брисел е бетер од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно“, тенденциозно се пласират квалификации против меѓународната заедница кои со ништо не можат да се потврдат. На нејзина сметка се и обвиненијата за мешање во внатрешните работи на Македонија, што придонесува за уште поголемо заострување на кризата. Во истиот контекст како нејзин сојузник се става и опозицијата, а фотографијата што го илустрира текстот намерно во целата приказна ја уфрла и специјалната обвинителка Катица Јанева како „чедо“ кое е изродено со посредство на таа „лошата, бетер полоша од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ заедно“ меѓународна заедница, чија персонификација се Брисел и опозицијата која е „свесна дека ќе ги изгуби априлските избори.

„Европските посредници се тука затоа што извршната власт се мешала во судската и парламентарната власт во Македонија. А токму тие брутално вршат мешање преку издавање наредби во судството, обвинителството, медиумите и се што следи.“

 

ПРОРОЦИ

Актуелната власт се амнестира од вината за кризата бидејќи:

„Таа сама можела да ги реши сите проблеми и да ги донесе законите на кои инсистира меѓународната заедница. Доаѓањето на еврокомесарот е изнудено од СДСМ со вештачко блокирање на разговорите за неколку закони. Овие закони за кои тој сега ќе дојде практично можевме самите да ги поминеме.“

За силното и „неоправдано присуство и притисоци од страна на Брисел“ врз домашниот систем, виновна е опозицијата, бидејќи „тие се свесни дека ќе загубат на следните избори“.
Овие тези во текстот со ништо не се потврдени и можат да се класифицират единствено во смислена манипулација и дисквалификација на опозицијата и на целата меѓународна заедница, без какви било докази или повикување на извори. Врз основа на што може така категорички да се тврди дека опозицијата ќе ги загуби изборите, кога уште не е направено никакво сондирање на јавното мислење? „Пророците“ не се валиден извор за серизни медиуми.

Исконструирана слика на настаните, која е, всушност, манипулација, а не слика на нешто реално, на граѓаните им оневозможува правилно да ги разберат актуелните процеси и во нив активно да учествуваат.

 

НАПРАВЕНА Е ШТЕТА

Изнесување вакви безобѕирни безобразни и со ништо непоткрепени квалификации и обвинувања на сметка на меѓународната заедница, може само да ѝ нанесат штета на Македонија и на процесите што се во тек. Критики и дисквалификации без аргументи и етикетирање на Брисел се спротивни од Кодексот на новинарите на Македонија, кој предупредува дека основната задача на новинарите е да ја почитуват вистината, да имаат професионална дистанца од политичките субјекти и при известување за политичките процеси, нивните текстови да бидат непристрасни и избалансирани.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести