verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сликите треба да ја дополнуваат информацијата

on 22 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Мендух Тачи од Дива населба го следи натпреварот на репрезентацијата, Куманово е со Тачи!]

 

Повикувањето на анонимни и на нерелевантни „извори“, чие мислење не се проверува, ја дезинформира јавноста. Ова е заклучокот до кој би можела да дојде јавноста откако ќе ја прочита оваа вест. Наведениот портал што информира за тоа каде Мендух Тачи го гледал натпреварот на репрезентацијата, иако го спомнал изворот на сликите, сепак, на крај ја дезинформира јавноста.

Menduh Thaçi nga Lagja e Trimave screenshotЛинк до оригиналниот наслов:Мендух Тачи од Дива населба го следи натпреварот на репрезентацијата, Куманово е со Тачи!

Датум и време на објавување: 11.10.2015

Датум не рецензија: 12.10.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Насловот вели „Мендух Тачи од „Дива населба“ го следи натпреварот на репрезентацијата, Куманово е со Тачи!“. Но, всушност, фотографиите кажуваат нешто друго. Од нив се гледа дека Мендух Тачи се наоѓа во едно познато кафуле во Куманово „Приве“ (Prive), кое се наоѓа на повеќе од еден километар од Диво Насеље, односно во местото Гарнизон, во близина на центарот на градот.

„Албанскиот портал Дитари, објавил една слика за која што се вели дека лидерот на ДПА, Мендух Тачи, од Дива населба во Куманово го следи фудбалскиот натпревар Ерменија-Албанија.

Тачи во овие слики се гледа како го гледа натпреварот од телевизискиот екран, придружен од голем број на граѓани од Куманово, известува новинската агенција ИНА“

Сепак, „веста“ не побудува голем интерес кај јавноста, поради тоа што преку некои слики и допирајќи до националните чувства се врши политичка пропаганда за една политичка личност.

Спорен е и делот од насловната конструкција, во која се вели „Куманово е со Тачи“. Ниту сликите, кои се единствениот извор за ова вест, а и ниту еден друг податок во текстот не го докажува овој заклучок што го донел самиот автор. Всушност, Тачи на ова фотографија се гледа во гореспоменатото кафуле, при што на неговата десна страна е советникот на ДПА во општинскиот совет на Куманово, Фитор Сефери. Другите лица што се наоѓаат во објективот на фотографот, може и да немаат никаква врска со присуството на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, на тоа место. Авторот не го прикажал мислењето на некој од нив за да го потврди тоа што претендира да го каже.

Професионалното новинарство не дозволува новинарот да пренесе лични ставови или да изрази чувства под влијание на разни околности или неговите лични убедувања.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести