verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текстот мора да биде целосно точен, без импровизации

on 22 - 10 - 2015       

recenzija-izbiracki-spisok-Dnevnik-crop-resize

 

[Рецензија: ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ОСТАНУВА ИСТ, ЌЕ СЕ ДОПОЛНУВА СО ФОТОГРАФИИ]

 

Овој текст почнува со невистина уште во насловот. Тој е неточен и е изваден од контекст. Со изместување на вистината се создава теза преку која потоа се гради целиот текст. Иако во медиумите имаше и изјави од засегнатите страни, тие не се користени во текстот за да се дообјаснат нештата. Затоа, во написот има полувистини и недокажани работи – намерно или од незнање, не се знае, но, сепак, факт е дека постојат.

recenzija izbiracki spisok DnevnikЛинк до оригиналниот напис: ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ОСТАНУВА ИСТ, ЌЕ СЕ ДОПОЛНУВА СО ФОТОГРАФИИ

Датум и време на објавување: 15.10.2015, 17:52

Датум на рецензирање: 19.10.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Ова е текст кој не е докрај содржаен. Има наведено извори од политички партии кои брифирале за договорите во работните групи, но се добива впечаток дека се еднострани.

„На изборите во април в година ќе се гласа според истиот Избирачки список од изборите во 2014 година коj СДСМ ги оспори.“

Уште во првата реченица од овој текст е изнесена невистина. Нема да се гласа по стариот избирачки список, затоа што со самото тоа што е договорена теренска проверка, паралелно со систематско вкрстување на податоци од повеќе институции, значи дека избирачкиот список ќе претрпи измени. Поради тоа не е точна тезата на оваа приказна засилена со единствената измена. Текстот од почетокот си „игра“ со оваа невистина, која провејува низ целиот напис и е мотив за настанувањето на текстот.

Втората невистина во написот е дека отпаднала активна регистрација на гласачите како што барале од СДСМ. Сепак, вистината е дека тоа биле само предлози, кои се расправале во работните групи. Башка што некои партии, како ДУИ, биле против оваа идеја. Тоа значи дека кога неколку партии преговараат, се пронаоѓа компромис, без разлика колку некој инсистирал на некоја идеја. Дека овој дел не е вистинит во целост, потврдува и Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ во изјава пренесена од телевизија „Телма“:

„За фер и демократски избори во Македонија мора да има нов Избирачки список. Прашање на техника е како ќе се стаса до него. Ние веќе неколку години бараме целосна теренска проверка на списокот, а втора варијанта е активна регистрација на гласачите.“

Идејата на партијата била да се направи проверка, која би била најсоодветна според времето и местото. Инсистирањето било на промена на избирачкиот список, а не по секоја цена да има активна регистрација на гласачите.

Третата невистина се наводите дека од СДСМ велат ќе има целосна проверка на избирачкиот список која ќе се прави теренски. Од оваа партија, пак, не велеа така. Имено, како што известија и повеќето медиуми, работите се поинакви од тоа што го пишува овој медиум.

„Од партијата велат и дека во предлогот за изборниот законик пишувало дека ќе има неограничена теренска проверка на избирачкиот список, секаде каде што партиите сметаат дека треба да се направи проверка. А за ова веќе се подготвувала и методологија.“

Значи никаде од СДСМ (како што сака да прикаже текстот) не рекле дека ќе има неограничена проверка на избирачкиот список како што се гледа и од изјавата, туку дека таа ќе биде по оценка на партиите. Значи на сите партии. Не само на СДСМ, туку и на ВМРО-ДПМНЕ, на ДПА и на ДУИ. Написот, пак, сака да импутира и да спинува дека опозицијата инсистира на целосна проверка. Напротив, тие и во изјава од својот трет човек тврдат дека проверката ќе се прави секаде каде што партиите сметаат дека треба да се направи проверка. 

Кога се пишува еден новинарски текст, тој, пред сè, мора да биде прецизно точен, а не со ситни спинови и полувистини да се нанесе штета на некој кој е дел од приказната.

Во врска со финасирањето на партиите, точно е тоа што е наведено во текстот дека има различни мислење за ова прашање. Истата шпекулација ја пуштија речиси сите медиуми, и провладини и оние кои се критични кон власта. Исто така, во јавноста кружеше шпекулацијата дека пратеник од дијаспората ќе се избира со минимум 6.400 гласа.

Овој текст има една мана. На моменти тој не е дообјаснет, а во делови со мали спинови се извртува вистината. Насловот е невистинит. Еден професионален текст мора да ги има сите потребни елементи. Вака, тој е само во функција на пропагандата, а не на новинарството.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести