Наслов и теза без корен
Објавено во Рецензии
on 22 - 10 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Зоран Заев се договара а планира да го прекрши договореното]
Со голема желба и со ентузијазам пристапивме кон во оваа куса вест, информација, коментар, што ли е, за да ги откриеме елементите врз основа на кои е изведен насловот на оваа медиумска содржина. Тој, насловот, воедно, е главната поента што требало да се пласира – дека лидерот на опозицијата „се договарал за да го прекрши договореното и повторно да објавува снимки“. Се мисли на „бомбите“.
Линк до оригиналниот напис: Зоран Заев се договара а планира да го прекрши договореното
Датум и време на објавување: 20.10.2015, 08:43
Датум на рецензирање: 21.10.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
Навистина многу се посветивме за да најдеме оправдување и за насловот и за намерата да се издвои овој дел од „заглавените“ политички преговори. Но, со оглед на тоа дека нема многу содржина, не беше ни тешко да се констатира дека тврдењето во насловот и во завршната реченица немаат аргументи.
Дури и во цитираната изјава на лидерот на опозицијата нема такви елементи. Се работи за една општа политичка изјава, со многу технички детали за делови од преговорите и со објаснувања за процедуралните постапки кои не можат да се доведат во врска со насловот и со главната теза на текстот.
Единствено што може да се заклучи е дека пред нас е уште еден политички пристрасен текст што е во спротивност на основните новинарски професионални принципи кои налагаат дистанца од политичките субјекти.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови