verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Скандалозни грешки и обвинувања

on 23 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

СКАНДАЛ-СДСМ-фатен-на-дело-како-режира-вести-на-соросовите-медиуми-Press24-crop-resize

 

[Рецензија: СКАНДАЛ: СДСМ фатен на дело како режира вести на соросовите медиуми]

 

Овој текст е класичен пример за тоа како, во обид да се нападне некој по секоја цена, се прават големи грешки поради непроверени факти и со тоа на јавноста ѝ се пласира лажна и манипулативна вест.

СКАНДАЛ СДСМ фатен на дело како режира вести на соросовите медиуми Press24Линкуван наслов на анализираниот напис: СКАНДАЛ: СДСМ фатен на дело како режира вести на соросовите медиуми

Датум и време на објавување: 14.10.2015

Датум на рецензирање: 21.10.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Авторот на написот уште во насловот и на почетокот од текстот најавува дека открил некаков скандал, како „СДСМ режирала вести на соросовите медиуми“ и го убедува читателот дека уредувачката политика во тие медиуми била препуштена на партискиот штаб на партијата.

„Имено доцна попладнево СДСМ од електронската пошта која ја користи за испраќање на дневни соопштенија, изјави и известувања исклучиво за партиски активности на партијата и нејзините функционери, стигна меил во кој наместо соопштение или партиско известување стои веста напишана на порталот Нова ТВ, со наслов НоваТВ: Зврлевски: Специјалното обвинителство е политичко.“

Притоа објавен е и скриншот од мејлот, но тука авторот го пропуштил најважниот елемент поради кој и неговата теза паѓа во вода.

Имено, во написот се тврди дека СДСМ испратил напишана вест до порталот „Нова ТВ“ кој ја објавил како таква и дека истата вест е испратена и до другите „соросови медиуми“.

„Прво се отвора оправдана дилема дека целосно сајтот Нова Тв е уредуван од штабот на СДСМ односно се објавува сето она што ќе биде испратено од СДСМ.“

Ваквото тврдење не е точно, бидејќи од принт-скринот може да се види дека веста на „Нова ТВ“ е објавена на 14 октомври 2015 година во 16.30 часот, а мејлот од СДСМ е испратен пет минути подоцна, односно во 16.35 часот. Според тоа, не може портало „Нова ТВ“ да го презел текстот од СДСМ.

За ова имаше реакција и опозициската партија, која испрати и извинување до редакцијата на порталот, напоменувајќи дека станало збор за техничка грешка. Поради таквата техничка грешка, партијата, наместо партиско соопштение, го испратила текстот од „Нова ТВ“ до други медиуми.

Наместо да побара објаснување од партијата или другите медиуми, пред сè, од „Нова ТВ“, авторот на написот го злоупотребил тоа за еден манипулативен текст, во кој по секоја цена ги напаѓа проопозициските медиуми, притоа нарекувајќи ги и „соросоидни“, со што ги диксриминира истите.

Со ова, авторот прекршил неколку членови од Кодексот на новинари. Членот 1 во кој јасно се наведува дека:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Прекршен е и членот 10 кој пропишува:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести