verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Моето имагинарно експертско другарче

on 23 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

10222015-Kurir-Preporaka-crop-resize

[Рецензија: „Заради стравот на СДСМ од избори, Македонија ја губи препораката“]

 

Што нè поттикна да ја предложиме оваа медиумска содржина за рецензија на нејзините новинарски елементи? Неколку нешта нè предизвикаа уште при првото читање: текстот се повикува на експерти, а нема ниту еден со име и со презиме; полн е со обвинувања и со шпекулации фокусирани само врз еден „виновник“; текстот сее и страв и несигурност само врз основа на еднострани аргументи на непотпишаниот автор.

10222015-Kurir-PreporakaЛинк до оригиналниот напис: Заради стравот на СДСМ од избори, Македонија ја губи препораката

Датум и време на објавување: 21.10.2015 15:17

Датум на рецензирање: 22.10.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Да ги елаборираме овие сериозни забелешки. Кога имаме новинарска содржина, која не е резултат на известување од нaстан, како во овој случај, односнио кога имаме новинарска анализа на серија од настани, тогаш она што е неопходно е таквата анализа да има експерти или непосредно вклучени актери кои ќе ги изнесат своите ставови, оценки, мислења, повразни со последиците или ефектите од тој настан.

Во тесктот што го рецензираме, кој, според своите елементи, јазик и структура, секако претендира да биде наречен анализа – нема ништо од елементите што ги наведовме во претходниот пасус на оваа рецензија.

За волја на вистината, авторот (непотпишан) се повикува на експерти, но не ги именува. Небаре е којзнае колку деликатна или опасна содржина, па експертите се исплашиле јавно и со име и со презиме да говорат. Нема врска.

Ова е уште еден од оние новинарски содржини што ги злоупотребуваат имагинарните „експерти“ за да ја сеат својата вистина, теза, пропаганда…

Во оваа медиумска содржина има обвинувања и шпекулации за однесувањето за само еден субјект од политичките преговори во Македонија и тоа оддава целосна пристрасност. Тое е во спротивност со стандардот за професионална дистанца од политичките актери.

И, конечно, и најнепрофесионално, врз основа на имагинарни експерти и врз основа на еднострани аргументи, авторот на овој текст ја надградува (и проширува) својата намера да сее страв и омраза кон една политичка партија, префрлајќи го целиот товар на вина на протагонистите на таа партија.

Тоа, како и претходните недостатоци, му прави на овој текст проблем наспроти професионалните и сите други етички стандарди на новинарството.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести