verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наслов кој ја негира вистинитоста на „доказите“

on 24 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

По 1000 денари плус такси за протестот на средношколците Сител Телевизија-crop-resize

[Рецензија: По 1000 денари плус такси за протестот на средношколците?!]

 

Некои средни училишта во Скопје во четвртокот осамнаа со непристојни пораки, испишани на ѕидовите. На тапет беа тие што учествувале на протестот по скопските улици и пред Министерството за образование и со нив беа обвинети дека заработиле пари кои им биле ветени ако дојдат на овој собир!? Основа за тоа беше текстот (прилогот) на ТВ „Сител“, преземен потоа од грото провладини медиуми за таа тема – овие ученици, наводно, имале бесплатен такси-превоз, а згора добиле и по 1.000 денари „џепарлак“. Нели, кој не би одел?!

По 1000 денари плус такси за протестот на средношколците Сител ТелевизијаЛинк до оригиналниот напис: По 1000 денари плус такси за протестот на средношколците?!

Датум и време на објавување: 21.10.2015 15:51

Датум на рецензирање: 23.10.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Она што е се појасно е дека зад ваквите пленуми стои политичка злоупотреба на најмладите, односно Пленумите стануваат продолжена рака на најголемата опозициска партија СДСМ, финансирани од организации блиски до СОРОС. Доказ за тоа е и комуникацијата меѓу СДСМ и своето членство за организација на протест. За скандалот да биде уште поголем читатели ни ја испратија и комуникацијата на Viber за организација на протестите според која, учесниците за присуство добивале по 1000 денари.“

Накусо, понудена е наводна комуникација по „вибер“ меѓу првиот човек на општинскиот комитет на СДСМ од Аеродром и некој од организаторите на пониско ниво, во која е „опишана наградата“ со констатација дека пари има и да не се грижи за исплатата.

Од друга страна, самиот прилог констатира дека имало мал број учесници (300 до 400 лица), што е во целосна контрадикторност со споменувањето на џепарлакот. Па, за тие пари, кои се рамни на дневница на еден ѕидар, да речеме, на собирот би имало илјадници и илјадници учесници! Уште и ако има доволно пари, како што тврди телевизијата…

Да не должиме – тие таканаречени докази би ги направил секој „фотошоп“ и секако имаме право да се сомневаме во понуденото. Тоа, пак, е во контадикторност со она на теренот. Штедење на СДСМ? Или на Сорос?

Понатаму, констатацијата дека на собирот биле многу пензионери и постари лица, што треба да биде докажано низ повеќе приложени фотографии – ставени на порталот на телевизијата – ниту говори за многу лица од таа возраст, уште помалку за стари лица, згора некои од нив на собирот се покажаа дека се професори, кои беа со своите ученици и говореа пред Министерството или даваа изјави за медиуми!

Доаѓаме до клучната констатација – телевизијата ниту се обидела да ги „соочи“ споменатите активисти со своите „докази“, ниту, пак, на теренот ги прашала присутите возрасни кои се и зошто се тука. Од медиум кој има и слика и тон очекуваме да ги задржи своите потенцијали, а не да биде осомничен за фотошоп-игри, кои, гледаме, прават дополнителен пристисок врз учениците преку „никнатите“ ѕидни пораки.

Во прилогот нема ни збор за тоа дека се кршат правата на учениците, како и дека по Уставот тие имаат право на свое мислење и на негово јавно искажување и преку протест. Нема слики на затворени врати по средните училишта, намуртени директори, казнети ученици… Ова е комплетно извртен прилог во функција на тие што велат дека сме „најдобри на светот“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

Текстот ги дискредитира о ние кои го бранат правото на протест

нема говор на омраза

Текстот предизвика вербално насилство кое постои преку ѕидни обвиненија

дискриминира

социјална, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести