verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Соопштенијата за медиумите се само еден дел од веста

on 24 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Движењето Беса го поддржува Советот на родителите на училиштето „Имри Елези“]

 

Не може да се смета дека еден новинар професионално си ја извршил својата работа доколку едноставно само пренесува информации од официјалното соопштение на една организација или, во најлош случај, доколку целосно го пренесе соопштението на организацијата. Новинарот треба да го збогати својот напис со дополнителни информации поврзани со настанот, што ја појаснуваат идејата која ѝ се пренесува на јавноста.

Shenja - Levizja Besa perkrah Keshillin e Prinderve te shkolles Imri Elezi 1Линк до оригиналниот напис: Движењето Беса го поддржува Советот на родителите на училиштето „Имри Елези„

Датум и време на објавување: 14.10.2015

Датум на рецензија: 15.10.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Во написот што е предмет на ова рецензија се пренесува (целосно) едно соопштение за печат на Движењето Беса, во кое се искажува ставот на овој политички субјект за последните настани во училиштето „Имри Елези“ (Никола Вапцаров) во Чаир. Грешката на новинарот се состои во тоа што не им објаснува на читателите дека пренесува едно соопштение за печат и дека, всушност, не се работи за вистинска новинарска вест.

„Месниот одбор на Движењето БЕСА – Чаир остро реагира против дискриминаторските образовни политики кои што се применуваат во училиштето „Имри Елези„ (Никола Вапцаров), но и против одговорните за образование во Општина Чаир, како и против Министерството за образование на Македонија, кое што ја води кадар на ДУИ.“

Новинарот требало да ја информира јавноста дека тоа што е напишано се ставови на наведениот субјект, а не негови зборови. Вака како што е напишано, се добива впечаток дека тоа се ставови на медиумот.

„Затоа, ги повикуваме одговорните органи, итно да се отоворат дополнителни паралелки и на тој начин еднаш за секогаш да се реши проблемот со зголемениот број на ученици, за да може наставниот процес да се одвива нормално.“

„Новинарот“ кој го пренесува текстот, не ставил до знаење дека повикот е на Движењето Беса, а не на медиумот.

Текстот е преполн со субјективни формулации од типот „Движењето БЕСА го поддржува Одборот на родителите на ова училиште“ и притоа цитирањето на изворот било неопходно. Освен за да се избегне субјективноста и едностраноста на текстот, цитирањето би го поштедило и новинарот од прекршување на авторските права.

Не сите читатели се запознаени со развојот на настаните во ова училиште, со изразувањето револт и со реакцијата на родителите на учениците. Затоа, новинарот требало да го пренесе и ставот на одборот на родителите или најмалку што требало да направи е да ги линкува претходните написи каде што известувал (доколку известувал) за барањата на одборот, како што се вели во текстот, „за да се обезбедат основните барања за учениците кои што се нашата иднина“.

Исто така, исто толку важно е и мислењето на одговорните органи на училиштето, на Општината Чаир и на Министерството за образование, бидејќи прстот е насочен кон нив, како одговорни за ситуацијата. Заднината би дала многу појасна смисла на намерата за објавување на оваа јавна порака.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија на соопштеније за печат

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

се работи за лого

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести