verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Содржината го демантира насловот

on 2 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Движењето Беса се подготвува да биде опозиција?!]

 

Надвор од сите професионални норми е во еден новинарски продукт да не се потврди насловот на даден текст. Откако читателот ќе го види насловот, го чита текстот за да ги види аргументите на тоа што е најавено во насловната конструкција. Текстот што го рецензираме се обидува преку насловот да ја дефокусира јавноста.

aktualeЛинк до оригиналниот напис: Движењето Беса се подготвува да биде опозиција?!

Датум и време на објавување: 13.10.2015

Датум на рецензија: 27.10.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Tекстот се однесува на политичката дебата водена во емисијата „200“, но авторот не го навел тоа.

Новинарскиот продукт почнува за насловот „Движењето Беса се подготвува да биде опозиција?!“ Од друга страна, во текстот, изворот, Африм Гаши од Беса, потврдува дека тие не се подготвуваат да бидат опозиција, туку да победат на изборите.

„Не, ние сме подготвени да победиме на изборите, дури и да излеземе со заедничка листа за изборите„, изјавил Гаши. Дури, според Гаши, бројот на гласови или пратеници нема да претставува сила во наредниот состав на Собранието! „Беса е регистрирана пред вас, (му реплицира на Таравари), освен реизбор нема право на повеќе од еден мандат… Ова ние ќе го имплементираме во функции. Не е во ред еден човек да остане засекогаш на една функција, тоа те троши. Имаме многу добри луѓе, значи една нова генерација каде што се почитува знаењето, професионалноста…“, рекол Гаши.

На овој начин, забележуваме дека содржината на текстот го демантира насловот. А, би требало текстот да го аргументира насловот.

Овој текст, исто така, нема структура. Новинарот почнува со содржината без да направи еден вовед за да го претстави тоа што ќе го обработи понатаму. Авторот не ја следи структурата на превртена пирамида и не објаснува кога преминува од едно прашање во друго. Недостига и дополнителна информација, каде што новинарот би ги претставил досегашните ставови на албанската опозиција околу можното обединување.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести