verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Обид за неутрализација на „амбасадорскиот ферман“ до власта

on 2 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

2221-09876-0980706-crop-resize

 

[Рецензија: Амбасадорите ги повикаа политичките партии да го почитуваат договорот]

 

Дека селективноста е убиец на вистинското информирање, зборува и овој текст. Хируршки прецизно извлечени се деловите од амбасадорската изјава кои некому не му одговарале и оставени се само дел од елементите, со акцентирање на опозицијата, со што, пак, се изместува главното тежиште на амбасадорската порака.

222Линк до оригиналниот напис: Амбасадорите ги повикаа политичките партии да го почитуваат договорот

Датум и време на објавување: 27.10.2015 17:05

Датум на рецензирање: 29.10.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

Искрено, бев изненаден, и тоа пријатно, што некои медиуми, вклучувајќи го и конкретниот, воопшто и објавија дека „амбасадорската шесторка“ имала заедничка изјава. Секако, ќе беше премногу ако најважните поенти беа во целост пренесени. Тоа се случи во овој текст. Да, пренесена е веста за изјавата на дипломатите, да соопштени се делови од пораката, но не и најважните. Од новинарска гледна точка, фокусот на заедничката изјавата што ја прочита британскиот амбасадор е, пред сè, на власта и на нејзиното однесување во процесот, за што говори и реченицата „Владите, особено нивните шефови, имаат особена одговорност во услови на политичка криза“. Но, во написот, верувам намерно, тежиштето е изместено и е пренесено како да станува збор за некаква си општа изјава, која еднакво ги третира сите партии вклучени во процесот. Но, тоа не е така. Како прво, во содржината на написот се избегнува употребата на ВМРО-ДПМНЕ, иако амбасадорите тоа јасно го велат и се користи, за некого, поблага терминологија од типот „владејачка партија“. Понатаму, во текстот на заедничката изјава, двапати дипломатите директно, со име и со презиме, го прозиваат премиерот Груевски. Во овој напис повторно, претпоставувам намерно, се иззема ваквиот амбасадорски повик до Груевски. Ако тоа не е доволен доказ за селективен пристап, има уште аргументи дека некој „решавал“, секако, не водејќи се од новинарски стандарди, што ќе „оди“, а што не. Клучниот аргумент е исклучително непрофесионалното изоставање на овој параграф од написот:

„Го повикавме премиерот Груевски да го овласти неговиот тим да се финализира договорот околу нерешените прашања од Договорот од Пршино и да се имплементираат неопходните реформи за брзо да се осигура изедначен настап за кредибилни избори признати и дома и во странство, како и одговорност за можните злоупотреби.“

„Појасно здравје“ за тоа што е сржта и целта на „амбасадорскиот ферман“. Ама, како што веќе кажавме, во текстот е направен обид за ублажување и за дефокусирање на пораката на меѓународната заедница која недвосмислено, пред сè, ѝ се обраќа на власта. Ем селективност, ем пристрасност.

„Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите – Кодекс на новинари.“

Ете, затоа заклучуваме дека написов не успеал да се издигне над партиските интереси, професионално да ја сработи задачата, како што други медиуми тоа го сториле и на публиката да ѝ ја пренесе целосната информација, а не „обландираната“ верзија на вистината.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

делумно и нецелосно информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести