verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Утринско озборување на национална телевизија

on 2 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Утрински-ШОК-Од-свадба-на-пешачки-во-Скопје-Сител-Телевизија-crop-resize

 

[Рецензија: Утрински ШОК: Од свадба на пешачки во Скопје!]

 

Текстот што  го рецензираме е на предлог на наш читател кој вели: „Ова е провинциско озборување недостојно за нешто што себеси се нарекува медиум. Под секое ниво“.

Утрински ШОК Од свадба на пешачки во Скопје Сител ТелевизијаЛинкуван наслов на анализираниот напис: Утрински ШОК: Од свадба на пешачки во Скопје!

Датум и време на објавување: 26.10.2015

Датум на рецензирање: 28.10.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Овој напис наликува на сè освен на новинарски текст. Текстот не го содржи суштинското, а тоа е информација. Наместо тоа, овој напис на читателот му нуди озборување. И тоа шокантно!

Авторот, очигледно шокиран од изгледот на посочената госпоѓа на фотографијата, одлучил да напише текст за тоа. Прво што се наметнува како прашање е дали авторот е, можеби, некој моден критичар и соодветен за да оценува како некој се облекол, имајќи предвид дека не се потпишал со име и со презиме.

„Но, она поради кое таа денес се најде на социјалните мрежи е нејзиниот изглед кој веројатно немала време да го промени после свадба или пак ги помешала правилата како треба да се изгледа преку ден.“

Можеби фотографијата се нашла на социјалните мрежи, но тоа не значи дека тоа е новинарска вест, која треба да се пласира како таква. Па, уште и да се даваат коментари за тоа како некој бил облечен.

Задача на новинарот не е да озборува, туку да нуди информации и тоа точни и проверени, кои се од интерес на јавноста. Ова дефинитивно не е од јавен интерес. Целта на овој напис е само да се потсмева со личноста на фотографијата и од тоа да „набилда“ читаност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести