verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст од кој ве обзема срам

on 3 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

recenzija-kerka-naum-petreski-crop-resize

 

[Рецензија: Ќерката на Наум Петрески потполно гола ги распамети фановите]

 

Пред нас имаме информација од која, кога ќе ја прочитате, веднаш ве обзема срам. Измешана вест со коментар, со фотографија преземена од „Фејсбук“ и градена со вулгарноси, омаловажувања, навреди. Не само на личноста, која ниту виновна, ниту должна се појавила овде, туку се инволвира и нејзиниот татко, како и еден новинар, без притоа да се каже зошто. Иако написот не е дефиниран дали е вест или коментар, во секој случај дисквалификува и оцрнува една јавна личност.

recenzija kerka naum petreskiЛинк до оригиналниот напис: Ќерката на Наум Петрески потполно гола ги распамети фановите

Датум и време на објавување: 30.10. 2015

Датум на рецензирање: 02.11.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Во новинарството се знае дека и покрај тоа што треба да се пишува за јавните личности и за луѓето што имаат јавни функции, секогаш мора да се разграничи тоа што може и што не може да се напише.

Покрај овие драстични кршења на етиката, прекршен е и член 10 од Кодексот на новинари на Македонија:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Овој напис нема никаква врска со новинарство. Ги гази сите принципи на кои почива новинарската професија и етика. Тешко може да се поверува дека оваа „вест“е релевантна за јавноста затоа што јасна е намерата за оцрнување на личноста чија интима е нападната.

Новинарот мора да негува култура на говор. Новинарството не е само информација, тоа е и едукација. А каква едукативна порака праќа ова четиво?

Тука имаме дополнително и мешање на факти со коментари и, во крајна линија, целосна злоупотреба на слободата на говорот.

Може да се заклучи дека ова е дно во новинарството кое ги преминува сите линии: на професионални стандарди, на добар вкус, задирајќи во нечија приватност и изложувајќи ја на потсмев. Во вакви случаи останува само да се праша дали ова може да се смета за новинарство?

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација, социјална

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести