verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Таксиметарот на лични напади врз Ванхоуте врти без задршка

on 28 - 10 - 2015       

11112-0988676-09876-crop-resize

 

[Рецензија: Таксиметарот на Ванхоуте врти по 900 евра на ден!]

 

Ако не можеш по магарето, удри по самарот“ е народна изрека која одлично го сумира написот што го имаме в рака. Во период кога политичката криза се продлабочува, кога позициите на партиите се крајно спротивставени без најава за решение, на публиката ѝ се „овозможува задоволството да ужива“ во текст кој упорно се обидува вината за, засега, континуираните неуспеси во разговорите да ја најде токму во човекот кој, ако ништо друго, успеа сите да ги изненади со својата упорност и истрајност за процесот да опстои. Значи, виновник за непостигнувањето договор не е партија(та), туку човекот кој ги информираше медиумите дека токму таа партија ги блокира разговорите. Пример за „Shoot the messenger“ („Пукај во курирот“) – сценарио.

1111Линк до оригиналниот напис: Таксиметарот на Ванхоуте врти по 900 евра на ден!

Датум и време на објавување: 21.10.2015, 15:38

Датум на рецензирање: 25.10.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ДОМАШНА ВЕРЗИЈА НА „SHOOT THE MESSENGER

Тезата што без срам и перде се пласира е дека странскиот олеснувач ангажиран во преговорите меѓу власта и опозицијата е виновникот за блокираниот процес. Некаков си „аргумент“ со кој би се „поткрепило“ ваквото тврдење е наводната сума што белгискиот посредник ја добивал за своите услуги во земјава, а таа била 900 евра на ден. Сето наведено заслужува внимателно и прецизно сецирање. Прво, парите – нема каква било официјална потврда или, пак, изјава дека ангажманот на дипломатот навистина изнесува толку. Се користат неизбежните „дипломатски извори“, кои во последните години, за жал, максимално се злоупотребуваат од одредени медиуми, а зад нив најчесто не се кријат дипломатски, туку партиски извори. Ваквата непрецизност и недоволен ангажман околу изворите ја остава подотворена можноста податокот за сумата да е шпекулација. Второ, и да станува збор за такви пари, кои навистина на обичниот граѓанин му изгледаат астрoномски, никаде не е наведено дека тоа се средства што се обезбедуваат од странски извори, што значи дека домашниот буџет не се „јаде“ со работењето на Ванхоуте. Трето, нема какви било релевантни податоци врз основа на кои се проблематизира неговата улога и значење во процесот. Четврто, не се нудат вистински факти кои би ги оправдале обвинувањата за неговата стручност од типот „својата експертиза, Ванхоуте ја продава главно во Косово, Непал, Грузија, Црна Гора и во Србија, каде ги „јакне“ и оправа капацитетите на тамошните парламенти и на парламентарните служби“. Петто, како тоа еден човек и тоа странец би ги минирал преговорите меѓу партиите за кои, всушност, е ангажиран да помогне успешно да завршат и сè „зашеќерено“ со муабетот дека „таксиметарот на Ванхоуте врти по 900 евра на ден“ со што се сака да се каже дека во негов интерес е процесот да се одолжи до недоглед. Да поедноставиме, ако имало волја и подготвеност за договор и претходно, воопшто не би имало потреба од ангажирање посредници на странска сметка. Значи, некој друг е кабаетлија.

 

МЕДИУМСКА „ШЕЌЕРНА ПРИКАЗНА“ ЗА ЗАБАВА НА ВЛАСТОДРЖЕЧКИОТ ДВОР

Овој материјал, всушност, е некаква форма на нарачана медиумска „шеќерна приказна“ од дворот на власта за да се дефокусира јавноста од сржта на настанот на неделата – брифингот на Ванхоуте на кој тој без задршка, без бели ракавици, јасно го посочи епицентарот на политичкиот земјотрес со кој во изминатите недели се соочува Македонија, а тоа е власта. Токму затоа, по неколкумесечно негово престојување и работа во земјава, белгискиот дипломат се најде во позиција на „дивеч за отстрел“ и преку овој, но и преку редица други написи. Нормално и очекувано, требаше жртвено јагне, а кој подобро би „легнал“ за таа улога од човекот кој реши да зборува за блокадите и за пробивањата на роковите. Се користи секоја можност, независно дали е точна или не, оправдана или не, етичка или не, да се дискредитира посредникот, а со тоа и целиот процес што тој го менаџира. Оттука не е тешко да се извлече заклучок дека мотивите за „кроењето“ на написов се, пред сè, политичко-партиски, а не чисто информативни.

Значи, имаме обвинувања неаргументирани, тези непроверени, бројки непотврдени, пристрасност значителна, мотивираност политичка и конечно производ – плукачки. Сигурно ова не е позитивен пример што треба да влезе во учебниците по новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

најверојатно да

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

циркуларна нарачка

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести