Рецензии

Брзината не е оправдување за неточност

на 7. 12. 2015 | |

[Рецензија: Обвинителката за „Ровер“ се повлече, откако Бошковски покажа материјали за негово местење]

  Има конечност, дефинитивен заклучок во првата реченица во веста на денот на 4 декември од најновото рочиште на предметот „Ровер“, во кој првообвинет е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски: „Обвинителката Лидија Раичевиќ- Вучкова во случајот „Ровер“ против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, соопшти дека се повлекува од овој случај“ Од вака срочената реченица недвосмислено произлегува дека обвинителката се повлекла од случајот, а таквиот „исход“ најави пресврт во овој случај и сосема поинакви придвижувања во политичкиот амбиент во земјата. Но, дали е навистина така?   Линк до оригиналниот напис: Обвинителката за „Ровер“ се повлече, откако Бошковски покажа материјали за негово местење Датум и

Елвис е жив, Џим Морисон, Мерилин Монро, Курт Кобејн, сите се живи, па зошто да не и Аркан

на 7. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: Шокантно: Аркан е жив и повторно е покрај Цеца]

  Веќе почнав да стравувам од секое четиво во домашниот медиумски простор што почнува со бомбастичното „шокантно“. За конкретниот текст со право сум стравувал зашто ова е материјал од типот „Елвис е жив, исто како и Џим Морисон, заедно со Мерилин Монро во друштво со Курт Кобејн“. Во овој случај станува збор за српскиот паравоен лидер и криминалец од белградскиот асфалт Жељко Ражнатовиќ – Аркан. Според напишаното, тој ептен е жив и ужива во слободата и затоа неговата сопруга, фолк-пејачката Цеца, досега не се премажила. Какво сочно парче сензационализам без какви било сопирачки.  Линк до оригиналниот напис: ШОКАНТНО: АРКАН Е ЖИВ И ПОВТОРНО Е ПОКРАЈ ЦЕЦА  Датум и време

ОБНОВЕНО: Недоистражена приказна

на 6. 12. 2015 | |

[Рецензија: Невеста од Албанија, жртва на семејно насилство живее во спортската сала во Кавадарци!]

 

Реакција на рецензијата долу.

  Рецензираме приказна за типична општествена ситуација, сè почеста на нашите простори, која е преточена во социјална репортажа. Во неа се презентирани автентични факти, сепак, без амбиција да се направи и истражувачка сторија за што имало доста елементи. Приказната е склопена и очигледно извира од судските ходници. Авторот, кој се потпишал со полно име и презиме, се обидел да ги слушне сите страни во судскиот процес и автентично да ја пренесе приказната на несреќната жена. Но, тоа не е доволно за целовит содржински приказ на една семејно-социјална драма.

Линк до оригиналниот напис: Невеста од Албанија, жртва на семејно насилство живее во

Колку повеќе факти, толку повеќе доверба!

на 5. 12. 2015 | | sq
  [Рецензија: Писмо од затвор на припадник на Кумановската група (Документ)]   Новинарот има задача секој текст да го поддржи со факти и со непобитни докази. Непроверените сомнежи се резултат на невниманието на новинарот при известувањето. Веста што ја рецензираме не го прецизира изворот. Новинарот вели дека писмото е објавено од еден член на семејството, но јавноста би имала поголема доверба доколку новинарот би го прецизирал изворот (лицето) што го објавил писмото. Тоа го прави и новинарот објективен и читателот добро информиран. Едно писмо кое создава внимание во јавноста може да биде основа за новинарски напис и со право може да се анализира. Но, потоа треба да следи истражувањето и проверката. Линк до оригиналниот напис: „Писмо од затвор на припадник

Неименувани експерти, забошотени изјави, измамени граѓани

на 5. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев повторно со контрадикторна изјава за настаните во Диво Насеље]

  Манипулација со фактите, злоупотреба на анкета на граѓани за поткрепа на зададена теза, вадење експертски мислења од ракав, ова накусо би била оцена на прилогот што е предмет на рецензијава. Тема на прилогот е ставот на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, во врска со настаните во Куманово, кој беше актуелизиран во текот на неделата пред да биде објавен прилогот, како и тезите што беа пуштени од провладините медиуми за наводната конфузија и непримерена промена на ставовите на Заев во врска со овие настани.
Темата е така одработена што создава сомнежи во искрените намери да се информира. Како поинаку да се протолкува тоа што целиот прилог се

Медиумска конфекција базирана на партиски шнит

на 5. 12. 2015 | |

 

[Рецензија: Катастрофа на последната интерна анкета: СДСМ готви терен за бојкот на изборите]

  Тенденциозно четиво, кое судејќи според размножувачкиот карактер, потекнува од нечија визба, стан, центар, ама сигурно не од кредибилна редакција. Ги занемарува основите на еснафот, се коси со стандардите на професијата и има призвук на една посакувана ситуација, која наликува на изреката „што на бабата ѝ било мило, тоа ѝ се сонило“. Линк до оригиналниот напис: Катастрофа на последната интерна анкета: СДСМ готви терен за бојкот на изборите Датум и време на објавување: 02.12.2015, 10:59 Датум на рецензирање: 02.12.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

„ЛАБАВА“ ТЕЗА КОЈА ВИСИ НА КОНЕЦ

Пласираната теза е многу „лабава“ и виси на конец. Се тврди, а во суштина се шпекулира, дека

Брзината ја „уби“ веста

на 5. 12. 2015 | | sq

[Рецензија:Што ја очекува Британија во Сирија: Самоубиствени елеци и мртви тела]

  Брзината во новинарството е важна, но многу често се случува брзината да ја „убие“ веста. Така се случило и со оваа вест, односно медиумска содржина. Наместо да ги исполни очекувањата на читателите за информации за најважниот меѓународен настан тој ден, медиумот пренел вест која и покрај атрактивниот наслов – нема ништо. Така и насловот станува проблематичен и празен. Линк до оригиналниот напис: Што ја очекува Британија во Сирија: Самоубиствени елеци и мртви тела (Фото/видео) Датум и време на објавување: 03.12.2015 / 13:53 Датум на рецензирање: 04.12.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски   БОМБАСТИЧЕН НАСЛОВ – ПРАЗНА ВЕСТ Има две фотографии за кои ги нема елементарните информации, освен дека се на

Ниту сто ѕвездички не го спасуваат текстот

на 5. 12. 2015 | | sq
 

[Рецензија:Скандалозна изјава на Ван Хауте: „Престанете да сер*те“]

  Ова е целосно недоличен напис кој ве остава без зборови. Ваква навредлива содржина никако не смеела да се пласира како новинарски текст. Линк до оригиналниот напис: Скандалозна изјава на Ван Хауте: „Престанете да сер*те“ Датум и време на објавување: 01.12.2015, 21:24 Датум на рецензирање: 03.12.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев   ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА НЕВКУС Идејата на оваа медиумска објава е да го нападне белгискиот олеснувач, Ванхауте и притоа користи исклучително непримерен речник кој се граничи со простотилак. „Престанете да се*ете“- рекол европјанинот Ван Хауте на преговорите денеска. Во меѓувреме, Белгиецот како неурамнотежен викал и се заканувал кон жени во текот на сите преговори.“ Иако во овој пасус на едно место е ставена

Со прашалник не му се дава легитимитет на тенденциозен напис

на 4. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: „Манипулација со натпартискиот одбор?“]

Ставањето прашалник на крајот од насловот не ѝ дава легитимитет на тенденцијата на новинарот да постави непотврдени идеи. Честопати новинарите мислат дека ако стават прашалник, тоа значи дека во текстот можат да пишуваат што сакаат, иако тоа не е потврдено и не е атрибуирано на компетентен извор. Линк до оригиналниот напис: „Манипулација со натпартискиот одбор?„ Датум на објавување: 30.11.2015 Датум на рецензија: 01.12.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши ОБЈЕКТИВНОСТА „ПАДНАЛА ВО ВОДА“ Овој текст зборува за можна манипулација на движењето Беса како политички субјект и притоа самиот го нарекува ова барање неоправдано. Тоа не го поткрепува ниту со компетентни извори, ниту со издржливи факти. Според наведеното во написот, натпартискиот одбор е голема идеја за партиите со мала

Кога невистината станува „вистина“

на 4. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: За што земаат плата министрите од СДСМ?]

  Кога небитното станува „битно“, тогаш тргнувате од претходно јасно утврдена позиција и многу прецизно знаете каде да стигнете. Во новинарската практика тоа се познати постапки, но тие не се новинарски. Тоа се пропагандистички постапки и се нарекуваат „фрејмување“, дефокусирање, филтрирање на информациите, селекција на теми, управување со дебати… Медиумската содржина што ја рецензираме можете да ја препознаете во која било од овие техники. Најмногу поради тоа што авторите на оваа содржина од една сосема небитна активност, дуваат балон обоен со политизација и тоа, во основа, е далеку од суштината. Всушност, се обиделе на небитното да му дадат суштина.   Линк до оригиналниот напис: За што земаат плата министрите од СДСМ? Датум