verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Брзината не е оправдување за неточност

on 7 - 12 - 2015       

12052015-Telma-Ljube 1

[Рецензија: Обвинителката за „Ровер“ се повлече, откако Бошковски покажа материјали за негово местење]

 

Има конечност, дефинитивен заклучок во првата реченица во веста на денот на 4 декември од најновото рочиште на предметот „Ровер“, во кој првообвинет е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски:

„Обвинителката Лидија Раичевиќ- Вучкова во случајот „Ровер“ против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, соопшти дека се повлекува од овој случај“

Од вака срочената реченица недвосмислено произлегува дека обвинителката се повлекла од случајот, а таквиот „исход“ најави пресврт во овој случај и сосема поинакви придвижувања во политичкиот амбиент во земјата.

Но, дали е навистина така?

 

12052015-Telma-LjubeЛинк до оригиналниот напис: Обвинителката за „Ровер“ се повлече, откако Бошковски покажа материјали за негово местење

Датум и време на објавување: 04.12.2015, 11:18

Датум на рецензирање: 07.12.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

БИТНИ СЕ НИЈАНСИТЕ

Она што следуваше потоа, а што произлезе од повеќе други медиуми кои известуваат од овој настан, е дека обвинителката не се повлекла, туку, поттикната од новите докази што биле најавени на рочиштето, најавила дека ќе бара утврдување на надлежност на Основното јавно обвинителство за овој предмет, имајќи предвид  дека со новите докази, тој, можеби, ќе стане предмет на интерес на Специјалното јавно обвинителство, кое, меѓу другото, има мандат и во однос на предметите што произлегуваат од незаконското прислушување.

Веста што ја рецензираме тоа ја прави прилично проблематична во однос на нејзината точност.

Од аспект на повреда на професионалните стандарди, веста која, очигледно, не ја препознала нијансата што ја одредува фактичката позиција, се судира со првиот член на Кодексот на новинарите, кој налага објавување на точни и проверени информации.

Дури и самиот медиум, подоцна, во проширената информација од овој настан, се демантира себеси. Во ТВ-прилогот е вклучена и изјава на обвинителката, која сосема прецизно, иако правнички и процедурално внимателно, соопштува дека ќе бара мислење од нејзините претпоставени за тоа дали обвинителството што таа го застапува ќе биде надлежно и понатаму за овој случај.

Според ова, во конкретниот случај е направен пропуст, а брзината никогаш не може да биде оправдување за неточност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести