verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со прашалник не му се дава легитимитет на тенденциозен напис

on 4 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: „Манипулација со натпартискиот одбор?“]

Ставањето прашалник на крајот од насловот не ѝ дава легитимитет на тенденцијата на новинарот да постави непотврдени идеи. Честопати новинарите мислат дека ако стават прашалник, тоа значи дека во текстот можат да пишуваат што сакаат, иако тоа не е потврдено и не е атрибуирано на компетентен извор.

Tetova sot - Manipulimi me keshillin mbipartiak 1Линк до оригиналниот напис: „Манипулација со натпартискиот одбор?„

Датум на објавување: 30.11.2015

Датум на рецензија: 01.12.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

ОБЈЕКТИВНОСТА „ПАДНАЛА ВО ВОДА“

Овој текст зборува за можна манипулација на движењето Беса како политички субјект и притоа самиот го нарекува ова барање неоправдано. Тоа не го поткрепува ниту со компетентни извори, ниту со издржливи факти.

Според наведеното во написот, натпартискиот одбор е голема идеја за партиите со мала сила.

„…од последните анкети направени од ИРИ може да се види дека силата на ова Движење е минимална за да се поигра со толку големи идеи, за кои што не се знае од каде доаѓаат и зошто се излезени во јавноста.“

Нема мерило со кое новинарот може да измери колку е голема една идеја и ова да ѝ го објасни на јавноста. Тука, непристрасноста „паднала во вода“ и текстот станал „слуга“ на политичките идеи, кои се спротивни на тие што ги потценува.

Квалификувањето на некои политички субјекти како „неважни“, само врз субјективна процена, без да се направи обид да се контактира со нив и да се слушне нивното мислење, е непрофесионално. Во таа смисла, крајно некоректно е да се даваат со леснотија тенденциозни коментари од типот:

„се чини дека и самите тие кои што предложиле не знаат зошто предложиле формирање на натпартиски  одбор“

А КОИ СЕ „ПОЗНАВАЧИТЕ“?

Овој материјал, како и многу други, паѓа во „стапица“ повикувајќи се на „познавачите“, кои, всушност, не се цитираат во текстот.

Написот дури се сомнева во „манипулативните“ намери што може да ги има овој натпартиски одбор, само поради тоа што еден функционер на СДСМ покажал интерес да се вклучи во него.

„Со самото присуство на Шилегов и неколкумина кои што покажале интерес да се вклучат во овој одбор, се гледа јасно манипулативната намера на овој одбор од страна на ова изолирано Движење кое што сака да се повика на големи идеи.“

Во Новинарскиот кодекс на Македонија се вели:

Проверката на податоците и точноста се морални императиви на новинарството, затоа новинарот е должен да ја провери информацијата од што е можно повеќе извори, а најмалку два меѓусебно неповрзани извора.

Изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори.

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести