verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ниту сто ѕвездички не го спасуваат текстот

on 5 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

recenzija-van-hojte-ne-seri

 

[Рецензија:Скандалозна изјава на Ван Хауте: „Престанете да сер*те“]

 

Ова е целосно недоличен напис кој ве остава без зборови. Ваква навредлива содржина никако не смеела да се пласира како новинарски текст.

recenzija van hojte ne seriЛинк до оригиналниот напис: Скандалозна изјава на Ван Хауте: „Престанете да сер*те“

Датум и време на објавување: 01.12.2015, 21:24

Датум на рецензирање: 03.12.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА НЕВКУС

Идејата на оваа медиумска објава е да го нападне белгискиот олеснувач, Ванхауте и притоа користи исклучително непримерен речник кој се граничи со простотилак.

„Престанете да се*ете“- рекол европјанинот Ван Хауте на преговорите денеска. Во меѓувреме, Белгиецот како неурамнотежен викал и се заканувал кон жени во текот на сите преговори.“

Иако во овој пасус на едно место е ставена ѕвездичка (*), сепак тоа воопшто го намалува впечатокот дека е направена навредлива конструкција, која претставува олицетворение на невкус.

Всушност, овој коментаторски скроен материјал кој зрачи со анимозитет кон странскиот дипломат е преземен од друг медиум (кој подоцна го повлече текстот). Инаку, истиот ден, ваков идентичен напис – со мали варијации во насловот, проциркулира низ повеќе портали. Тоа, пак, остава простор за сомнеж дека е во прашање своевидна синхронизиран атак врз олеснувачот.

 

НАМЕНСКИ ТЕКСТ

Текстот не наведува прецизни извори на информации и не нуди никакви аргументи за да ги убеди читателите дека за време на преговорите навистина се случил таков „инцидент“. Тој изгледа како да е наменски правен и пласиран за да го дискредитира олеснувачот. Но, исто така, има цел да ја претстави во лошо светло опозицијата, а да ја воздигнува владејачката партија.

„Сето ова било премолчувано од страна на СДСМ и нивните експоненти, за разлика од разумното однесување и достоинствено спротивставување и одговор од страна на преставниците на ВМРО-ДПМНЕ.“

Несомнено дека во оваа медиумска содржина се прекршени повеќе одредби од новинарскиот Кодекс, поради што таа заслужува негативна оценка.

  •  Новинарот треба да објавува точни, проверени информации… Точноста на информацијата треба да се  провери колку што е тоа можно. (амандмнан 1)
  • Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (амандман 13)
  • Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти (амандман 14)
  • Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.(амандман 15)
  • Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности… (амандман 16)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести