verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Брзината ја „уби“ веста

on 5 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

12042015-Telegraf-Sirija

[Рецензија:Што ја очекува Британија во Сирија: Самоубиствени елеци и мртви тела]

 

Брзината во новинарството е важна, но многу често се случува брзината да ја „убие“ веста. Така се случило и со оваа вест, односно медиумска содржина.

Наместо да ги исполни очекувањата на читателите за информации за најважниот меѓународен настан тој ден, медиумот пренел вест која и покрај атрактивниот наслов – нема ништо. Така и насловот станува проблематичен и празен.

12042015-Telegraf-SirijaЛинк до оригиналниот напис: Што ја очекува Британија во Сирија: Самоубиствени елеци и мртви тела (Фото/видео)

Датум и време на објавување: 03.12.2015 / 13:53

Датум на рецензирање: 04.12.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

БОМБАСТИЧЕН НАСЛОВ – ПРАЗНА ВЕСТ

Има две фотографии за кои ги нема елементарните информации, освен дека се на „Ај-Ти-Ви Њуз“ (ITV News). Немa инфо, ниту опис од кои можеме да дознаеме од кога се, што илустрираат… Едноставно, нема неопходни елементи поради што нема да се сомневаме дека фотките се од нападите на Кралските воздушни сили на Велика Британија (RAF) извршени во Сирија тој ден.

Има еден видеозапис, односно само стендап од видеозаписот кој, како и фотографиите, не е поткрепен со информација дека е од денеска, односно по првите напади на британската авијација. Во содржината на стендапот на новинарот нема битни информации кои треба да ни соопштат дека се работи за видеоприлог за актуелен настан од истиот ден кога почнаа нападите на воените сили на Велика Британија во оваа блискоисточна земја.

Уште повеќе, кога ќе се линкувате на изворната веб-страница од кој е позајмена оваа содржина, ќе видите дека првично таа е објавена еден ден пред нападите во Сирија, иако е ажурирана на 3 декември.

Значи, да заклучиме: Во оваа медиумска содржина со бомбастичен наслов како најава, освен небитни информации како текст, всушност – нема текст?!?

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Многу малку

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести