verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога невистината станува „вистина“

on 4 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

12032015-Vecer-Plati (1)

[Рецензија: За што земаат плата министрите од СДСМ?]

 

Кога небитното станува „битно“, тогаш тргнувате од претходно јасно утврдена позиција и многу прецизно знаете каде да стигнете. Во новинарската практика тоа се познати постапки, но тие не се новинарски. Тоа се пропагандистички постапки и се нарекуваат „фрејмување“, дефокусирање, филтрирање на информациите, селекција на теми, управување со дебати…

Медиумската содржина што ја рецензираме можете да ја препознаете во која било од овие техники. Најмногу поради тоа што авторите на оваа содржина од една сосема небитна активност, дуваат балон обоен со политизација и тоа, во основа, е далеку од суштината. Всушност, се обиделе на небитното да му дадат суштина.

 

12032015-Vecer-PlatiЛинк до оригиналниот напис: За што земаат плата министрите од СДСМ?

Датум и време на објавување: 02.12.2015 – 10:47

Датум на рецензирање: 03.12.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ДЕФОКУСИРАЊЕ

Тaквиот обид  се препознава уште во поднасловот:

„Тие земаат огромни плати, на функции каде треба да помагаат да се реализира владината програма за граѓаните, но овие партиски кадри на СДСМ очигледно работат за партијата, а не за државата.“

Моментот, кога од несуштина, или уште попрецизно – кога од невистина, се прави „вистина“, е демистификација на улогата на новите министри и заменици-министри во –  техничката влада. Техничката влада има цел да ја контролира злоупотребата на државните ресурси во предизборниот период и да го подготви амбиентот за одржување законски и фер избори.

Министрите во техничката влада немаат задача да ја реализираат владината програма, бидејќи во таа програма македонската јавност, опозицијата и меѓународната заедница препознаа злоупотреба во полза на изборни манипулации и на изборни резултати. Впрочем, поради тоа земјата е во политичка криза.

Оттаму, од позициите на свесно избран агол од кој ќе се врамува активноста на политичките функционери во полза на политичките нарачки, „новинарската“ постапка за извршување на таа нарачка крши најмалку два члена од Кодексот на новинарите.

Како прво, овој текст нема ништо заедничко со членот 14 кој за новинарите налага непристрасност:

„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“

Како второ, коментаторските елементи и пристрасната боја на содржината се во спротивност и со членот 13:

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести