Рецензии

Сечен, лепен и конструиран текст

на 14. 12. 2015 | |

[Рецензија: Стојан Андов удри по заевистите: СДСМ е многу затворен, луѓето околу Заев се единствените што одлучуваат] 

  Едно од правилата во новинарството е да не се извлекуваат од контекст тези од некое интервју. Токму тоа е направено во материјалот што е пред нас, во кој се прави конструкција од еден фрагмент од интервјуто на Стојан Андов за „Плусинфо“. Во написот, инаку,  нема линк до интервјуто за да можат читателите самите да се уверат што точно кажал Андов. Линк до оригиналниот напис: Стојан Андов удри по заевистите: СДСМ е многу затворен, луѓето околу Заев се единствените што одлучуваат Датум и време на објавување: 08.12.2015, 15:21 Датум на рецензирање: 11.12.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев   Текстот обработува само едно прашање од интервјуто

Текстот мора прецизно да одговори каде се случил настанот

на 12. 12. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Детали за убиството во Центар: Убиецот испукал 15 куршуми]

  Уште во самиот наслов на текстот, новинарот се обидува да го изманипулира читателот да ја кликне веста и да го отвори текстот, наведувајќи го на мислење дека убиството се случило во Македонија. Тоа не е професионален пристап. Точно се знае дека новинарот мора да информира точно и прецизно да го лоцира местото и времето на настанот. Линк до оригиналниот напис: Детали за убиството во Центар: Убиецот испукал 15 куршуми Датум и време на објавување: 09.12.2015 Датум на рецензирање: 11.12.2015 Рецензент: Симона Атанасова Насловот информира за некакво убиство што се случило во Центар, но не е прецизирано дека станува збор за центарот на Белград, што го наведува читателот да

Јанко и Мирка насред бегалската криза

на 12. 12. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ЕУ да не дозволи бегалската криза да се решава парцијално]

  Значи, ме изнасмеа овој текст. Во сиот политички, општествен, медиумски, странско-посреднички, ДИК-овски карамбол, ете добивме и напис со примена на „методот на супституција“ – Јанко наместо Трајко, Мирка наместо Ермира… Линк до оригиналниот напис: ЕУ да не дозволи бегалската криза да се решава парцијално Датум и време на објавување: 10.12.2015, 12:04 Датум на рецензирање: 11.12.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   ЈАНКО НАМЕСТО ТРАЈКО, МИРКА НАМЕСТО ЕРМИРА Преземена агенциска вест, коректна, ама со една системска грешка – попромашена фотографија не можела да биде. Утка невидена, дури и да помислиш дека е намерно ставена, нешто како предновогодишна шега. Хуморот настрана, пропустот, верувам ненамерен, е сериозен. Едноставно не „штима“ настан од висок

Фискална сметка наместо новинарски текст

на 12. 12. 2015 | |

[Рецензија: Пленумот троши илјадници евра за лажна грижа за студентите]

  Што е оваа медиумска содржина? Вест? Извештај? Освен првите две почетни реченици, кои известуваат дека се одржува настан организиран од „Студентски пленум“, целиот понатамошен текст е некаков попис на активности и произволни ставки за трошоци кои на крајот завршуваат со вкупна сума како за „каса прими“?! Од кога во новинарството е воведен жанр – фискална сметка? Се разбира, се шегуваме. Но, како поинаку да му се пријде на овој текст за да се оценат неговите професионални стандарди. Самиот текст, пристапот од кој е појдено да се пишува, налагаат подбишега… Но, ајде да го изанализираме сериозно, достојно на овој проект и соодветно на методологијата за проверка на фактите од медиумите.

Кога новинарот е „лекар“ и пишува дијагнозa!

на 11. 12. 2015 | |

[Рецензија: Стевчо Јакимовско доживеал срцев удар] 

  Во текстот се изнесуваат невистинити информации за здравствената состојба на градоначалникот на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевче Јакимовски, за што е објавен и демант од кабинетот на градоначалникот. Веста е непроверена, а не оддава чувство ниту дека се сакало да се земе изјава и со тоа да стане посодржајна. Линк до оригиналниот напис: Стевчо Јакимовско доживеал срцев удар Датум и време на објавување: 05.12.2015 Датум на рецензирање: 10.12.2015 Рецензент: Силвана Жежова   НЕВИСТИНИТА ИНФОРМАЦИЈА Текстот се осврнува на здравствената состојба на градоначалникот на Општина Карпош, а притоа нема ниту еден релевантен извор што ќе потврди дали Стевчо Јакимовски навистина бил на домашно лекување, а потоа, наводно, бил згрижен и на приватна

Кога објави на „Фејсбук“ стануваат репер за ставот на јавноста

на 11. 12. 2015 | |

[Рецензија: Граѓаните со масовна поддршка за владините проекти за младите] 

  Текстот е едностран и наведувачки. Во него се користат само фотографии од објави на социјалните мрежи, не се вметнати реакции на студентските здруженија и се дава само дел од говорот на премиерот.
Линк до оригиналниот напис: Граѓаните со масовна поддршка за владините проекти за младите Датум и време на објавување: 08.12.2015, 14:52 Датум на рецензирање: 10.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров   СЕЛЕКТИВНОСТ „Двата проекти за младите кои ги најави премиерот, Никола Груевски во синоќешното обраќање наидоа на масовна поддршка кај граѓаните на социјалните мрежи. Граѓаните коментираат дека помошта за младите лица со овие мерки е голема и додаваат дека истите претставуват големо растеретување на буџетот на студентите и средношколците.“ Авторот

Погрешно интерпретиран статус на „Фејсбук“

на 11. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Младите од СДСМ ја поздравија новата владина мерка] 

  Овој текст има проблем со две нешта: извлекување генерален заклучок од ставот на поединец и погрешно интерпретиран објавен статус на „Фејсбук“. Текстот е манипулативен и има цел да го убеди читателот во она во што сака да верува авторот. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Младите од СДСМ ја поздравија новата владина мерка   Датум и време на објавување: 08.12.2015, 17:53 Датум на рецензирање: 10.12.2015 Рецензент: Ана Анастасовска   ВАДЕЊЕ ОД КОНТЕКСТ, ПА ГЕНЕРАЛИЗИРАЊЕ Текстот, кој е преземен од друг медиум (тоа е наведено, но не е ставен линкот), се осврнува на новата мерка што ја најави премиерот Никола Груевски, дека од следната година студентите ќе имаат бесплатен јавен

Од Скопје „со љубов за Русија“!

на 11. 12. 2015 | | en

[Рецензија: ДОДЕКА НИЕ СЕ ЛИГАВИМЕ ПРЕД ПОРТИТЕ НА НАТО: Србија станува најмоќна воена сила со најсофистицирано Руско вооружување!]

  „Лигавење“, како што се тврди, има, ама во овој случај кон Русија. Уште едно четиво од истиот портал кој никако да разбере дека не е и не смее да биде портпарол на Кремљ во земјава.   Линк до оригиналниот напис: ДОДЕКА НИЕ СЕ ЛИГАВИМЕ ПРЕД ПОРТИТЕ НА НАТО: Србија станува најмоќна воена сила со најсофистицирано Руско вооружување!  Датум и време на објавување: 07.12.2015  Датум на рецензирање: 09.12.2015  Рецензент: Владимир Мирчески    ОТВОРЕНА ПРИСТРАСНОСТ Текстот е копија, ама тоа, спротивно на добрата новинарска практика, никаде не е наведено. Оригиналниот текст, објавен на српски портал, има строга намена – убедување на домашната јавност

Предупредување: И со сензационализмот се претера!

на 10. 12. 2015 | |

[Рецензија: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД НАСА: Човештвото ќе биде уништено за Божиќ] 

Доколку навистина голем астероид е на пат кон Земјата, таквата информација би била ударна, барем на интернет-страниците на вселенските агенции на кои анонимниот автор се повикува. Веста ја нема, од НАСА не јавуваат за ваква опасност, но имаат основа за демант, ако воопшто им падне на ум да се занимаваат со македонски медиум. Линк до оригиналниот напис: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД НАСА: Човештвото ќе биде уништено за Божиќ! Датум и време на објавување: 09.12.2015, 15:52 Датум на рецензирање: 09.12.2015 Рецензент: Александар Пешев ПУБЛИКАТА ВО ПРАШАЛНИЦИ Рецензираме медиумска содржина озаглавена со сензационалистички наслов кој, веројатно, е „склопен“ за да привлече што поголема публика. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД НАСА: Човештвото ќе биде уништено за Божиќ! Проблемот

Соседска кавга за домашни „аргументи“

на 10. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: Аларм: Мијатовиќ го изгубила јазикот]

Тезата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за тоа дека одредени медиуми се негови политички непријатели и тоа поголеми од политичките партии на македонското „боиште“, од страна на прозваните беше проследена со закана од реакција на меѓународниот фактор. Имено, квалификацијата на Заев се процени како фактор на пресврт на оцените на меѓународната заедница од негативен, во позитивен кон власта (види). Кон написот што го рецензираме бевме привлечени со најавата (наднаслов, наслов и поднаслов) дека имаме прилог на таа тема, но излезе дека се вплеткуваме во „туѓ конфликт“! И тоа во оној, во кој веќе има доволно актери: ОБСЕ, рускиот министер за надворешни работи Лавров, српските медиуми и премиерот Вучиќ!
Линк до оригиналниот напис: