verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Јанко и Мирка насред бегалската криза

on 12 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

11113-crop-resize

 

[Рецензија: ЕУ да не дозволи бегалската криза да се решава парцијално]

 

Значи, ме изнасмеа овој текст. Во сиот политички, општествен, медиумски, странско-посреднички, ДИК-овски карамбол, ете добивме и напис со примена на „методот на супституција“ – Јанко наместо Трајко, Мирка наместо Ермира…

1111Линк до оригиналниот напис: ЕУ да не дозволи бегалската криза да се решава парцијално

Датум и време на објавување: 10.12.2015, 12:04

Датум на рецензирање: 11.12.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЈАНКО НАМЕСТО ТРАЈКО, МИРКА НАМЕСТО ЕРМИРА

Преземена агенциска вест, коректна, ама со една системска грешка – попромашена фотографија не можела да биде. Утка невидена, дури и да помислиш дека е намерно ставена, нешто како предновогодишна шега. Хуморот настрана, пропустот, верувам ненамерен, е сериозен. Едноставно не „штима“ настан од висок политички профил да биде илустриран со фотка од „дебатна“ емисија што во ситни вечерни саати се емитува на приватна телевизија. Сепак, станува збор за информација за, како што се вели, Парламентарното собрание на парламентарнaта димензија на Централноевропска иницијатива на кое се обратил вториот човек во државава – претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пратеничката Ермира Мехмети… Плус за тежината, се расправало и за актуелната бегалска криза. А, сето тоа „покриено“ со фотографија „Јади бурек“? Некако не оди, нели?!

Но, да бидеме искрени, тоа им се случило и на други, каде каде, порелевенатни и покредибилни медиумски куќи.

Секако, работата не била Јанко за Трајко и Мирка за Ермира, како што е во конкретниот случај…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

тотално промашена

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести